Русија со закана за мерки против испраќање на војници на САД во Полска
Руски пратеници соопштија дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за испраќање на дополнителни 1.000 војници во Полска ќе ја принуди Москва да преземе одмазнички чекори. Трамп изјави дека таквата одлука е во рамките на проширувањето на безбедносниот и економски сојуз.
„Во случај на некаков конфликт, не дај Боже, територијата на Полска ќе стане јасна цел за одмазднички напад, доколку одеднаш се случи напад врз нас", рече Владимир Џабаров, заменик-претседател на собраниската комисија за парламентарни прашања.
Пратеникот Владимир Шаманов изјави дека тој е загрижен за американските беспилотни летала поради нивниот потенцијал да носат нуклеарно оружје. Според него, Русија ќе биде принудена да преземе мерки.
На прес конференцијата во Вашингтон со полскиот претседател Анджеј Дуда, Трамп изјави дека владата на Полска ќе ја плати инфраструктурата потребна за дополнителните војници. Најавено е дека Полска ќе купи и над 30 американски борбени авиони од типот Ф-35.