Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2018

Новости за 30.11.2018

Неделници - Економски теми и бегството на Груевски

SlobodnaEvropa.mk 

Капитал пишува за тоа дека странските компании во Македонија не користат суровини од домашните фирми. Глобус анализира за бегството на Груевски, а Фокус за способноста на власта да инсталира режим како оној на Груевски.

Авангардните патишта на Вилсон и Валитуто во Македонска филхармонија

SlobodnaEvropa.mk 

„Авангардни патишта“ е насловен концертот на современа, експериментална музика што американскиот композитор и пијанист Ричард Валитуто и неговиот сонародник, саксофонист и автор Дејв Вилсон, ќе го одржат в сабота, на 1 декември во 20 часот, во камерната сала на Македонската филхармонија.

УНЕСКО ја призна традицијата на племето Калаш за културно наследство

SlobodnaEvropa.mk 

Организацијата на Обединетите нации за наука и култура (УНЕСКО) ја стави традицијата на малцинската заедница Калаш во Пакистан, на листата на нематеријално културно наследство која има потреба од итна заштита. Малото племе Калаш е посебна верска и етничка група со седиште во далечните планини на северозападниот дел на Пакистан, долж на границата со Авганистан. Во соопштение на 29 ноември, УНЕСКО ја призна традицијата на Калаш, Сури Џагек, преведена како „набљудивање на сонцето“, како живо наследство чија издржливост е под закана. Читать дальше...



ВМРО-ДПМНЕ: Оставка за прислушувањето во обвинителството

SlobodnaEvropa.mk 

Во Македонија во моментов незаконски се прислушува, јавното признание на државниот обвинител е огромен скандал за кој некој мора веднаш да поднесе одговорност со оставка, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ откако јавниот обвинител Љубомир Јовески на брифинг со новинарите кажа дека од 30 септември 2016 година досега се снимала целата телефонска комуникација преку фиксната мрежа на Јавното обвинителство. „Денеска во Владата на СДСМ, кога СДСМ е веќе година ипол на власт, се соочуваме со скандал за прислушкување... Читать дальше...

Албанија подготвува закон за амнестија на околу 600 затвореници

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 600 затвореници од сите затвори во Албанија се очекува да ги напуштат затворските келии за новогодишните празници, откако Министерството за правда на земјата подготви предлог закон за амнестија и откако ќе мине на Влада ќе биде доставен на разгледување и усвојување во албанскиот Парламент. Со предлог законот се предвидува да бидат амнестирани сите осудени лица со правосилна одлука до три години затвор, за пресуди изречени до 30 ноември 2018 година, без оглед на времето минато во затвор... Читать дальше...

ОН го повика Иран да ги ослободи бранителите на правата на жените

SlobodnaEvropa.mk 

Експерти за човекови права на Обединетите нации го повикаа Иран да ги ослободи бранителите на човековите права и адвокатите кои беа затворени за јавна поддршка на протестите против задолжителниот хиџаб во Иран. „Ја повикуваме Владата веднаш да ги ослободи сите кои беа затворени за промовирање и заштита на човековите права“, соопштија експертите. Тие велат дека особено се загрижени поради „критичното здравје“ на Фархад Мејсами, лекар кој беше уапсен во јули за поддршка на жените кои протестираа... Читать дальше...

Секоја година се зголемува бројот на сиромашни лица

SlobodnaEvropa.mk 

Над 22 проценти од вкупниот број на населението во Македонија е сиромашно, а детската сиромаштија е близу до 30 проценти. Степенот на сиромаштија во Македонија секоја година е се повисок. Овие податоци денеска ги соопшти Здружението „Платформа против сиромаштија“ на денешната работилница во Струмица. „Не се бележи стагнација или пад. Се посиромашни се семејствата кои имаат деца, а детската сиромаштија е во пораст во изминатата година и за жал имаме луѓе кои се повеќе се на работ на сиромаштијата и тешко излегуваат од неа“... Читать дальше...

Десетици загинати во борби меѓу талибански фракции

SlobodnaEvropa.mk 

Авганистанските власти соопштија дека во судири меѓу две талибански фракции убиени се десетици милитанти на западот на земјата. Џилани Фархад, портпаролот на гувернерот на провинцијата Херат изјави дека најмалку 28 талибански војници се убиени и 25 се повредени во областа Шинданд. Шефот на областа Хекмалулах Хекмат изјави дека во судирите учествувале борци лојални на талибанскиот лидер Мула Хаибатулах Ахунџада против силите на Мула Расул кој е поранешен милитантен командант кој ја води отцепената фракција во западен Авганистан. Читать дальше...



Лидерите на САД, Мексико и Канада потпишаа нов северноамерикански трговски договор

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на САД, Мексико и Канада денеска во Буенос Аирес го потпишаа новиот северноамерикански трговски договор, кој треба да го замени Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА). Договорот го потпишаа претседателите на САД и на Мексико, Доналд Трамп и Енрике Пења Нијето, и канадскиот премиер Џастин Трудо, на маргините на Самитот Г20 го во главниот град на Аргентина. За новиот договор да стапи на сила, треба да биде ратификуван од парламентите на сите три земји. Во меѓувреме, Владата на Мексико го одликува Џеред Кушнер... Читать дальше...

МВР е вклучено во истрагата за прислушуваните обвинители

SlobodnaEvropa.mk 

Министерството за внатрешни работи е целосно вклучено во предистражната постапка за случајот со прислушуваните фиксни телефони во Јавното обвинителство на Република Македонија, рече попладнево портпаролот на Владата Миле Бошњаковски. “Одговорноста најпрво треба да биде идентификувана, утврдена и целиот случај да има ефикасна судска разрешница. Владата на Република Македонија ги става на располагање на Основното јавно обвинителство сите капацитети со кои располагаме ако истото го побараат и ако е потребно”, рече Бошњаковски. Читать дальше...

Кабинет на Иванов - Претседателот ќе се обрати пред Парламентот

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот ќе ја исполни својата уставна обврска и ќе се обрати пред Собранието, информираат од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов по денешната информација дека до Парламентот сè уште не е пристигнато писмо од претседателот за одредување датум за годишно обраќање. Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на средба со новинарите кажа дека нема утврден датум за обраќање на претседателот Иванов, бидејќи не е доставено писмо од кај него за да се утврди точниот датум. Вообичаено, Претседателот... Читать дальше...

Моќници „согласно законите“ го купија Скопје за багатела

SlobodnaEvropa.mk 

На многу локации во државата во изминативе години неповратно се отуѓи државна земја за ниски или речиси никакви надоместоци, а властите се правдаа дека продажбите на државното земјиште се спроведуваа „согласно законите“. Критичката јавност посочува дека така се збогатува мала група моќници.

Потврдена ослободителната пресуда за Насер Ориќ за воени злосторства против Србите

SlobodnaEvropa.mk 

Апелациониот совет на судот во БиХ денеска им изрече ослободителни пресуди на бошњачкиот воен командант во Сребреница, Насер Ориќ и на припадникот на Армијата на БиХ, Сабахудин Мухиќ, кои во повторената постапка се товареа за злосторства над воените заробеници – Срби на подрачјата на Сребреница и Братунац. Тие по втор пат се ослободени од обвинението за убиството на двајца Срби. Пред судот беа собрани стотици граѓани за да му изразат поддршка на Ориќ.

Има волја и желба за помирување

SlobodnaEvropa.mk 

Предлог законот за амнестија кој ќе го изготви собраниското тело за помирување ќе направи разграничување меѓу организаторите и учесниците во насилството на 27 април со учесниците во толпата, најави премиерот Зоран Заев по денешната средба со ова собраниско тело.

Обвинителите биле прислушувани од 2016 година досега

SlobodnaEvropa.mk 

Од 30 септември 2016 година досега во два хард диска се снимала целата телефонска комуникација преку фиксната мрежа во Јавното обвинителство на Република Македонија. Ова денеска на брифинг со новинарите го кажа јавниот обвинител Љубомир Јовески. Тој рече дека за ова претходно не знаеле и дека процесот е во предистражна постапка. Од неа тие очекуваат да се утврди дали некој пристапувал до нив, кој бил тој, дали биле изнесувани податоците и дали биле претходно избришани материјали, ако се земе предвид... Читать дальше...

Неизвесно обраќањето на претседателот Иванов пред Парламентот

SlobodnaEvropa.mk 

Неизвесно е дали претседателот Ѓорге Иванов ќе го одржи редовното годишно обраќање во Собранието на Македонија. Терминот не е договорен, а како што информира на средба со новинарите претседателот на Парламентот Талат Џафери, од кабинетот на Иванов досега не е испратено писмо за одредување термин за негово обраќање пред пратениците. Џафери вели дека Иванов нема обврска да се обрати во Парламентот туку дека тоа е негово право.  Во декември Собранието има планирано три седници, евентуално четири до пет... Читать дальше...

Милион партиски членови ќе им живеат дома на муслиманските малцинства во западна Кина

SlobodnaEvropa.mk 

Кинеската владејачка Комунистичка партија почна со програма за размесување на над еден милион свои членови во домовите на муслиманските малцинства на западот на земјата. Со програмата за преселување 1,1 милиони јавни службеници, како што објави официјалното партиско гласило, ќе се намали сиромаштијата во автономниот регион Синџијанг и ќе допринесе за етничко единство меѓу Кинезите и муслиманските малцинства, меѓу кои најбројни се Ујгурите, пренесува Асошиејтед прес. Аналитичарите наведуваат дека... Читать дальше...

Над 100 затвореници избегаа од индонезиски затвор за време на молитвата

SlobodnaEvropa.mk 

Над 100 осуденици избегаа од затвор во западна Индонезија, откако го совладале стражарот за време на молитвата, информира денеска полицијата. Бегството на 113 затвореници се случило синоќа, кога сите 720 затвореници биле пуштени од ќелиите за да учествуваат на вечерната молитва, наведуваат властите. Според полицијата, бегалците, главно луѓе осудени за дела поврзани со дрога, очигледно го планирале бегството, пренесува Асошиејтед прес. Со тегови и метални прачки, затворениците ја пробиле оградата и избегале преку оризовите полиња. Читать дальше...

Унгарија - ЕП за Груевски „го пика носот кај што не му е место“

SlobodnaEvropa.mk 

Европскиот парламент нема никаква врска со екстрадицијата и азилот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија, изјави Золтан Ковач, државен секретар за меѓународна комуникација во кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Во интервју за телевизијата „Ехо“, Ковач рече дека постапката за давање азил на Груевски не е политичко, туку правно прашање. „Но, Европскиот парламент, кој нема никаква врска со тој процес, сака да го гледа како политичко прашање. Мнозинството европратеници гласаа за Резолуцијата... Читать дальше...


Музыкальные новости
ЮрКисс

«Отказывался по надуманной причине»: певец ЮрКисс обвинил SHAMANа во лжи





Персональные новости
Яндекс

Продвижение Песен и Музыки в Плей-листах Яндекс.Музыка.





Масовно насукување на китови на Нов Зеланд

SlobodnaEvropa.mk 

Десетици китови денеска масовно се насукаа и угинаа на Нов Зеланд, помалку од една недела од сличниот инцидент кога се насукаа 145 китови и девет џуџести китови убијци. Околу 90 китови синоќа се насукале во заливот Хенсон на оддалечените Чатамски Острови со околу 600 жители. Службата за заштита на животни соопшти дека на брегот затекнале 50 угинати китови, додека 40 успеале да се вратат во водата. Минатиот викенд 145 китови угинаа или беа успиени на островот Стјуарт, каде што се насукаа. Во... Читать дальше...

Украина им забрани влез во земјата на сите руски мажи од 16 до 60 години

SlobodnaEvropa.mk 

Украина им забрани влез во земјата на сите руски мажи на возраст од 16 до 60 години, објави денеска украинскиот претседател Петро Порошенко. До ова доаѓа по заострувањето на тензиите меѓу двете земји, откако Русија во неделата заплени три украински воени брода и ги зароби нивните посади во морето во близина на Крим. Порошенко денеска на Твитер напиша дека ова се прави за да се спречат Русите да создаваат „приватни армии“ на украинска територија. Забраната ќе важи додека важи воената состојба во Украина до 26 декември. Читать дальше...

Спасени осум мигранти од пожар во прифатен центар кај Атина

SlobodnaEvropa.mk 

Со навремена интервенција на грчката противпожарна служба биле спасени осум лица, меѓу кои едно дете, од пожарот што избил кусо по полноќ во прифатниот центар за бегалци и мигранти во Лаврио, во близина на Атина, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Мигрантите превентивно биле пренесени в болница и сите се наоѓаат во добра здравствена состојба. Причината за пожарот што избил во една од собите сè уште е непозната, а во гаснењето учествувале пет пожарникари со две возила, јави дописничката на МИА од Атина.

УЈП - даночни обврзници фалсификувале даночни пријави

SlobodnaEvropa.mk 

Директорката на УЈП Сања Лукаревска вели дека некои даночни обврзници во соработка со вработени во Управата, правеле корекција на ДДВ пријавите и врз основа на тоа барале поврат. Според експертите, за ваквата појава мора да се алармираат надлежните органи и да се преземат конкретни мерки

Кина загрижена поради американски бродови кај Тајван

SlobodnaEvropa.mk 

Кина соопшти дека изразила загриженост до Вашингтон поради минувањето на два американски воени брода низ Тајванскиот теснец и тоа пред планираниот состанок меѓу претседателите на двете земји Си Џинпинг и Доналд Трамп на самитот на Г20 во Аргентина. „Им ја пренесовме на американците нашата загриженост. Прашањето на Тајван се однесува на кинескиот суверенитет и територијален интегритет. Тоа е најважното и најосетливо прашање во кинеско американските односи“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Генг Шуанг. Читать дальше...

Три камчиња од Месечината продадени за над 800 илјади евра

SlobodnaEvropa.mk 

Три камчиња од Месечината донесени на Земјата по советскста лунарна мисија во 1970 година биле продадени во Њујорк за 855.000 долари. Камчињата најпрвин биле во сопственост на сопругата на таткото на советската вселенеска програма Сергеј Коровљев кој починал во 1966 година. Постигнатата сума е скоро двојно повисока од онаа за која камчињата биле продадени претходниот пат, исто така во организација на аукциската куќа Сотби. Овие примероци се единствените донесени од Месечината, а кои не се во сопственост на некоја држава. Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Полезные приложения для поклонников спортивной ходьбы


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Анна Калинская

Калинская проиграла Свитолиной и не смогла выйти в 1/8 финала турнира в Риме


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Сенатор Святенко: поддержка фермеров играет важную роль в устойчивости экономики





Путин в России и мире
Москва

ООН незаметно признала Путина: Сообщено об официальном письме


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Блинкен и Зеленский обсудят ситуацию на фронте и обязательства США


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Эдит Пиаф

В театре «Модерн» состоялась премьера моноспектакля «Исповедь счастливой женщины. Эдит Пиаф»



Москва

На вечное хранение. Как отдать фото из семейного альбома архиву Москвы?

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net