Десетици загинати во борби меѓу талибански фракции
Авганистанските власти соопштија дека во судири меѓу две талибански фракции убиени се десетици милитанти на западот на земјата. Џилани Фархад, портпаролот на гувернерот на провинцијата Херат изјави дека најмалку 28 талибански војници се убиени и 25 се повредени во областа Шинданд.
Шефот на областа Хекмалулах Хекмат изјави дека во судирите учествувале борци лојални на талибанскиот лидер Мула Хаибатулах Ахунџада против силите на Мула Расул кој е поранешен милитантен командант кој ја води отцепената фракција во западен Авганистан.
Фракцијата на Мула Расул од 2015 година беше ангажирана во смртоносните судири со талибаснките борци во јужен и западен Авганистан, при што имаше голем број жртви на двете страни.
Се верува дека Мула Расул добива оружје и поддршка од авганистанските разузнавачки служби, кои се обидуваат да ја поделат милитантната група.