Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2018

Новости за 28.11.2018

СДСМ- Мицкоски да ги поддржи процесите за зачленување во ЕУ и НАТО

SlobodnaEvropa.mk 

Владејачката партија во писменото соопштение по вечерашниот протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата реагира наведувајќи дека Мицкоски требaло да покаже „како се сака татковината“ со тоа што ќе ги поддржел процесите за членство на Македонија во НАТО и ЕУ, со зачуван и зајакнат идентитет. “Но Мицкоски одбра да ја блокира таковината и нејзиниот напредок, нејзината иднина. Наместо да застане на страната на државните интереси, на страна на интересот на граѓаните Мицкоски е на страна на одбрана на неговиот ментор, Никола Груевски”, наведуваат од СДСМ. Читать дальше...

Авганистан- десет загинати во напад во Кабул

SlobodnaEvropa.mk 

Авганистанските власти соопштија дека десет луѓе загинале, а 19 се повредени во напад на објект на странска безбедносна компанија во главниот град Кабул. Министерството за внатрешни работи соопшти дека непознат број вооружени лица влегле во објектот откако претходно во негова близина експлодирал автомобил бомба, по што следувала и вооружена пресметка со авганистанските безбедносни сили. Талибанците ја преземаа одговорноста за нападот. Експлозијата следуваше само неколку часа откако авганистанскиот претседател Ашраф Гани... Читать дальше...

АмЧам бара одложување на прогресивното оданочување

SlobodnaEvropa.mk 

Американската стопанска комора (АмЧам) смета дека не е погоден момент за воведување на прогресивно оданочување на личниот доход и реагира на "непочитување на процесот на јавна консултација од страна на Владата и Министерството за Финансии во однос на Предлог-Законот за личен доход објавен на 3 ноември преку Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР) без притоа да се испочитува рокот за забелешки и коментари што завршува денеска". “Сметаме дека со оваа... Читать дальше...



Чадот од депонијата ги труе дебарчани

SlobodnaEvropa.mk 

Чадот и миризбата кои се шират кога ќе се запали дебарската депонија им создаваат здравствени проблеми на жителите. Локалните власти велат дека немаат пари за механизација за да ја одржуваат депонијата.

ВМРО-ДПМНЕ најави чести и граѓански протести

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва од пред зградата на Владата порача дека ќе ги победеле барајќи на претседателските избори поддршка за нивниот кандидат. Тој најави дека секоја среда ќе протестираат пред Владата, а викендите низ други градови во Македонија.

ЕУ бара на Украина да ѝ се овозможи пристап до Керчскиот теснец

SlobodnaEvropa.mk 

Европската унија инсистира Русија да овозможи слободен премин низ спорниот Керчски теснец меѓу Русија и анектираниот Кримски полуостров, за на источна Украина да ѝ се овозможи морски премин до Црното Море и понатаму.  Потпретседателот на ЕУ, Валдис Домбровскис, денеска изјави дека меѓународното право „ја обврзува Русија да осигура непречен и слободен премин на сите пловила низ Керчскиот теснец“ и дека, според тоа, ЕУ очекува од Русија да овозможи слободна пловидба.  Во меѓувреме, Русија почна со судењето на уапсените украински морнари... Читать дальше...

Мицкоски- нашиот револт е граѓански

SlobodnaEvropa.mk 

Од денеска почнуваме до крај, а крајот ќе биде кога ќе падне Зоран Заев, порача вечерва од пред зградата на Владата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на што насобраните извикуваа оставка. “Денеска почнуваме, а ќе одиме и ширум Македонија преку викенд и ќе одиме секоја среда, овде, пред платото на Владата на Република Македонија” рече Мицкоски. Тој нагласи и дека излегле заради националното понижувања, затоа што Македонија била обвиткана со темнило, а сите ќе се обединиле за да ја урнеле оваа “неспособна и криминална власт”. Читать дальше...

Протест на ВМРО-ДПМНЕ, насобраните извикуваат "оставка"

SlobodnaEvropa.mk 

Со извиците “оставка”, “криминалци”, “Македонија” и скандирања ВМРО-ДПМНЕ попладнево се одржува протестниот марш на опозициската партија. Симпатизерите и поддржувачите на партијата тргнаа од пред партиското седиште и се упатија пред зградата на Владата. Колоната ја предводи партискиот лидер Христијан Мицкоски придржуван од партиското раководство, а насобраните повремено го извикуваат и неговото име и ја пејат и песната “Едно име имаме”. Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев денеска рече... Читать дальше...



Дебата за буџетот за 2019- за мнозинството развоен, за опозицијата мегаломански

SlobodnaEvropa.mk 

Предлог-буџетот за 2019 година од денеска е на расправа пред матичната Комисија за финансирање и буџет, која според Деловникот може да трае 10 работни денови. Предлогот пред членовите го образложи министерот за финансии Драган Тевдовски. За мнозинството тој е развоен и социјален, за опозицијата мегаломански. Вкупните приходи во државната каса, според предлогот за 2019 година се проектирани на 210,8 милијарди денари, а вкупните расходи на 228,5 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 3,2 проценти, а стапката на инфлација на 2 проценти.

Ахмети- Договорот со Грција не смее да биде архивиран и заборавен

SlobodnaEvropa.mk 

Посебен придонес во потпишувањето на Преспанскиот договор има и албанскиот политички фактор во Република Македонија, нагласи денеска лидерот на Демократската унија на Албанците Али Ахмети на свечената Академија по повод Денот на aлбанското национално знаме и прогласувањето на независноста на Албанија. Додаде дека треба да се затворат многу процеси во Македонија како и договорот со Грција кој не смее да биде само архивиран и заборавен. Ахмети во својот говор потсети и на опасностите од неуспехот... Читать дальше...

Притвор за Груевски и за предметот “Талир”

SlobodnaEvropa.mk 

Kривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите во предметот од обвинителството означен како „Талир“, донесе решение со кое го уважи предлогот и на обвинетиот Никола Груевски му определи мерка притвор во траење од 30 дена, сметано од денот на неговото пронаоѓање, односно лишување од слобода. “Кривичниот... Читать дальше...

Случај 27 април - МВР немало план за справување ако толпата влезе во Собранието

SlobodnaEvropa.mk 

За протестите пред Собранието во рамки на МВР биле разгледувани две сценарија, едно доколку полицијата се соочи со две спротивставени групи и друго ако има една хомогена група, но не и план за справување доколку толпата народ влезе во Собранието, изјави денеска обвинетиот Митко Пешов, кој на 27 април 2017 година бил началник на одделот за специјални операции. Пешов кажа дека за 27 април биле побарани два вода, што во бројка е околу 50 луѓе, во зависност од пополнетоста на водовите и оти согласно барањето тие биле упатени пред Собранието. Читать дальше...

Петмина работници затрупани при уривање на бетонски ѕид на градилиште во Турција

SlobodnaEvropa.mk 

Петмина работници се затрупани под остатоците од бетонски ѕид, што се урнал денеска при изградбата на надвозник на автопат близу градот Гебзе, во северозападниот турски округ Коџаели. Како што јави Си-Ен-Ен Турк, ѕидот се урнал од висина од 30 метри, повлекувајќи ги со себе петтемина работници. На местото на инцидентот пристигнале амбулантни и противпожарни возила, а спасувачките тимови работат на пронаоѓање на затрупаните работници.

Наташа Габер Дамјановска е нова директорка на Академијата за судии и јавни обвинители

SlobodnaEvropa.mk 

Наташа Габер Дамјановска е избрана за нов директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ за следните четири години. Одлуката со осум гласови „за“, еден „воздржан“ и ниту еден „против“ ја донесе денеска Управниот одбор на Академијата. Кандидати за директорското место, покрај Габер Дамјановска, беа и Мирјана Лазарова-Трајковска, Елена Андреева и Александар Маркоски. Првиот човек на Академијата се избира со двотретинско мнозинство од деветмина членови на Управниот одбор

Мицкоски - Почнуваме сеопшта револуција против владеењето на Заев

SlobodnaEvropa.mk 

Со денешниот протест ја прогласуваме и почнуваме нашата национална, економска, социјална и образовна, сеопфатна и сеопшта револуција против погрешното владеење на Зоран Заев и економското и националното разнебитување, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој ова го кажа, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески. „Ги поканувам сите граѓани кои сакаат да им застанат на патот на СДСМ и на Заев во ова национално разнебитување... Читать дальше...

Путин ја обвини Украина за инцидентот кај Крим

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин го обвини Киев за неодамнешната конфронтација во Црното Море во близина на Крим, тврдејќи дека украинскиот претседател Петро Порошенко се обидува да си го зголеми рејтингот во пресрет на претседателските избори во Украина, закажани за 31 март 2019 година. Путин ова го кажа денеска на Рускиот бизнис форум, три дена по инцидентот кој ги зголеми тензиите меѓу Москва и Киев. Рускиот претседател ги повтори тврдењата на Москва дека трите украински воени бродови, кои беа запленети... Читать дальше...

Анализа на британската влада: На земјата ќе ѝ биде економски полошо по излегувањето од ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

На Велика Британија ќе ѝ биде економски полошо по излегувањето од Европската унија, отколку да би останала во неа, без оглед на тоа каков трговски договор ќе направи со Унијата, се наведува во анализата на британската влада. Според денеска објавената проценка, 15 години по излегувањето од ЕУ, британскиот БДП ќе биде за 0,6 отсто помал отколку да остане во Унијата, и тоа под услов трговијата да не биде попречувана. Ако земјата излезе од ЕУ без договор и има значителни пречки во трговијата, британскиот БДП ќе биде за 9,3 отсто помал... Читать дальше...

Градоначалниците Срби од јужно Косово не поднесуваат оставки

SlobodnaEvropa.mk 

Градоначалниците на шест општини со мнозинско српско население, што се наоѓаат јужно од реката Ибар, им изразија поддршка на четворицата колеги од северно Косово кои вчера поднесоа оставки, но порачаа дека нема да го следат нивниот пример. Шестемина градоначалници велат дека решиле да не ги напуштат функциите поради „различните околности“ во нивните општини. „Иако нема да ги преземеме истите мерки поради различните околности во кои живееме, ние солидарно ќе се бориме за да престане дискриминацијата... Читать дальше...

Еколошките налепници ќе ги ограничат и автобусите на ЈСП

SlobodnaEvropa.mk 

Ако имате црвена или жолта налепница на автомобилот, нема да смеете да возите во одредени градски региони со цел да не загадувате. Но, до одредена дестинација нема да можете да стигнете ни со автобус, бидејќи мерката ќе го погоди и јавниот транспорт, вклучително автобусите на ЈСП, но и приватните.


Музыкальные новости
Ирина Серегина

Сотрудники Росгвардии Московской области написали «Диктант Победы»





Персональные новости
Спартак

«Спартак» набрал больше всех очков в играх с командами из верхней половины таблицы РПЛ





Помирувањето за „27 април“ зад затворени врати

SlobodnaEvropa.mk 

Собраниското координативно тело за помирување и интеграција претпладнево зад затворена врата го почна состанокот на кој треба да се изнесат размислување во врска со содржината на законот за помирување за насилствата во Собранието од 27 април минатата година. Координативното тело го предводат потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска Ременски и Емилија Александрова од независната пратеничка група, а брои 25 членови меѓу кои потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи со исклучок на ВМРО-ДПМНЕ... Читать дальше...

Претседателските избори во Украина на 31 март

SlobodnaEvropa.mk 

Украина официјално ги закажа претседателските избори за 31 март 2019 година. Претседателот на парламентот Андриј Парубиј денеска го потпиша указот за изборите. Претседателот Петро Порошенко претходно вети дека прогласувањето воена состојба од 30 дена во 10 региони во земјата нема да значи одложување на изборите. Воена состојба беше прогласена во крајбрежните и во регионите што се граничат со Русија или со молдавската област Придњестровје, која е поддржана од Москва. До ова дојде откако Русија... Читать дальше...

Аднан Ќахил исклучен од неговата партија, бараат да биде разрешен како министер

SlobodnaEvropa.mk 

Партијата за движење на Турците во Македонија (ТХП) информира дека го исклучила министерот задолжен за странски инвестицииАднан Ќахил од членство. Партијата бара од премиерот Зоран Заев да го разреши Ќахил од министерската позиција. Во партијата велат дека исклучувањето е поради тоа што министерот „со својот неетички и недемократски пристап го нарушува угледот на партијата и етничката заедница која ја претставува“ и затоа што работел „спротивно од интересите на партијата“.

Болтон - Сега е моментот Косово и Србија да постигнат договор

SlobodnaEvropa.mk 

Советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон, смета дека „сега е време Косово и Србија да постигнат договор“. Тој ова го изјави по состанокот со косовскиот претседател Хашим Тачи во Белата куќа. „САД се подготвени да им помогнат на двете страни да ја постигнат оваа историска цел“, напиша Болтон на Твитер. Косовскиот претседател исто така изрази оптимизам по средбата и му се заблагодари на Болтон за „целосната поддршка која Косово ја добива од оваа администрација“. „Се согласивме дека... Читать дальше...

Дачиќ: без западен притисок, Косово нема да ги укине царините

SlobodnaEvropa.mk 

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави дека не верува оти без посилен оритисок од Запад врз Косово наскоро би дошло до укинување на царините од 100 насто на српски производи. Дачиќ исто така рече дека не очекува брз одговор од Централноевропската спогодба за слободна трговија ЦЕФТА на барањето од Белград по повод мерките на Приштина.

ВМРО-ДПМНЕ на протест - револт, спин или тест за раководството?

SlobodnaEvropa.mk 

Попладнево ВМРО-ДПМНЕ изглегува на протест чиј повод е годишнината од приведувањата за случувањата во Собранието на 27 април. Според аналитичарите, ова ќе биде и тест за партијата, но како што велат и спин за да се одвлече вниманието од нив.

Спорт в России и мире
Москва

Учитель из Бутово стала «Гуру физкультуры»


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Как Рыбакиной стать второй ракеткой мира: расклад от WTA


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Опыт проведения Всероссийской акции «Вода России» представлен на межведомственном заседании в Ташкенте





Путин в России и мире
Москва

Петербургский автопром вышел из кризиса, заявил Беглов


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире
Москва

Дух разделения в Святой Руси, или Можно ли лишиться сана за отпевание Навального*



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Rammstein

В Калининградской области отказались отменять трибьют-концерт Rammstein



Москва

Синоптик Тишковец: 30% месячной нормы осадков выпадет в Москве в субботу

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net