123ru.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2018

Новости за 16.11.2018

Белата куќа привремено му ја враќа акредитацијата на новинарот на Си-Ен-Ен

SlobodnaEvropa.mk 

Белата куќа соопшти дека му ја враќа привремено акредитацијата на новинарот на Си-Ен-Ен, Џим Коста, откако му беше одземена по вербалната расправија со претседателот Доналд Трамп на прес-конференција. Американскиот судија Тимоти Кели претходно и нареди на администрацијата на Трамп веднаш да му обезбеди на Акоста пристап во Белата куќа. Акредитацијата на Акоста му беше одземена на 8 ноември. Белата куќа најави и нови правила и процедури за издавање на акредитации на нвоинари во иднина.

Младиќ се јави во живо на српска телевизија

SlobodnaEvropa.mk 

Поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ кој отслужува доживотна казна затвор за воени злосторства и геноцид во хашкиот затвор имаше јавување на српската телевизија „Хепи“, кое предизвика критики во јавноста. Младиќ за време на интервјуто рече „Дедо Ратко ви испраќа бакнежи“ Неговиот глас за прв пат се појави во медиумите по неговата пресуда во ноември минатата година. Неговиот син, Дарко телефонски го повика Младиќ во затворот за време на емисијата која се емитуваше во живо на телевизијата „Хепи“. Читать дальше...

ЕУ загрижена за апсењата во Турција

SlobodnaEvropa.mk 

Европската Унија денеска изрази загриженост во врска со притворањето на 13 лица во Турција и повика на нивно брзо ослободување. „Денешното притворање во Турција на неколку истакнати научници и претставници на граѓанското општество е загрижувачко. Многубројните притвори на критичари и континуираниот притисок врз претставниците на граѓанското општество се контрадикторни на обврската на Турција за почитување на човековите права, се наведува во соопштение на Европската служба за надворешни работи. Двајца академици... Читать дальше...



Неделен печат – Неспособност или пазар е бегството на Груевски во Унгарија

SlobodnaEvropa.mk 

Бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, кој требаше да почне да издржува двегодишна затворска казна, во Унгарија е главна тема во неделниот печат. Неделниците прашуваат дали Груевски избегал поради неспособност на домашните институции или поради некаков договор.

Меј назначи нов министер задолжен за Брегзит

SlobodnaEvropa.mk 

Британската премиерка Тереза Меј го назначи Стивен Беркли за нов министер задолжен за Брегзит. Нејзиниот портпарол соопшти дека Меј лично ќе ги надгледува последните десет дена од преговорите со ЕУ за идната рамка, а дека Беркли ќе се фокусира на домашните подготовки за Брегзит и на тоа предлог договорот да помине во Парламентот. Беркли на функцијата ќе го замени Доминик Раб кој поднесе оставка поради предлог договорот на Меј за Брегзит.

Американскиот суд нареди враќање на акредитацијата на новинарот на Си-Ен-Ен

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот судија Тимоти Кели и нареди на Белата куќа да му ја врати акредитацијата на новинарот Џим Акоста од Си-Ен-Ен. Според одлуката, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп треба веднаш да му обезбеди на Акоста пристап во Белата куќа. Акредитацијата на Акоста му беше одземена на 8 ноември откако тој и Трамп имаа жестока вербална конфронтација на прес-конференција за изборите. Судијата Кели беше назначен на функцијата од страна на Трамп.

Груевски нелегално и пеш влегол во Албанија, тврди полицијата

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролот на албанската полиција, Гентиан Мулаи денеска изјави дека поранешниот македонски премиер Никола Груевски „во Албанија несомнено влегол пеш и на нелегален начин“. Тој во изјава за АФП посочува дека влезот на Груевски не е регистриран на ниту еден граничен контролен премин меѓу Македонија и Албанија. Мулаи истакнува дека „за да не привлече внимание, Груевски границата меѓу двете земји требал да ја премине пешки, дали кај Преспа – Југоисточна Албанија, дали преку Дебар – Североисточна Албанија“.

Варадкар: Договорот за Брегзит единствен начин да се избегне цврста граница

SlobodnaEvropa.mk 

Ирскиот премиер Лео Варадкар денеска изјави дека единствениот начин да се избегне цврста граница меѓу Ирска и Северна Ирска е договорот за Брегзит. "Можеме да избегнеме цврста граница со потпишувањето на договорот за кој се преговараше", изјави тој. Според него, во услови на сценарио без договор ќе биде многу тешко да се избегне цврста граница.



Уапсени академици, бизнисмени и новинари во Турција

SlobodnaEvropa.mk 

Турската полиција уапсила 13 лица, меѓу кои двајца академици, бизнисмени и новинари во рамки на истрагата против активистот Осман Кавала. Тие се осомничени дека му давале поддршка на Кавала во неговиот обид за соборување на турската власт преку масовни протести во 2013 година. Кавала беше уапсен пред една година под сомнение за „обид за уривање на уставниот поредок и Владата“.

„Еј“ на Васил Христов – филм за исчезнатиот македонски премиер

SlobodnaEvropa.mk 

„Еј“, забранетиот и долго очекуван филм на режисерот Васил Христов, во кој е раскажана приказната за исчезнатиот премиер, конечно пристига пред македонската публика. Премиерата ќе се одржи в недела, на 18 декември во 20 часот, на „Синедејс 2018“.

Хан - Кредибилитетот на Европа е во прашање

SlobodnaEvropa.mk 

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, прв пат по бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, се огласи на Твитер, порачувајќи дека владеењето на правото е еден од основните критериуми за влез во ЕУ. „Силно владеење на правото е еден од темелните критериуми за влез во ЕУ. После години назадување, Македонија прави добар напредок во оваа област, вклучително и кривичното право. Сите земји членки на ЕУ и соседи треба да го поддржат овој процес. Се работи за кредибилитетот на Европа“, напиша Хан.

Бројот на жртви од пожарот во Калифорнија се зголеми на 63, над 600 исчезнати

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 63 луѓе загинаа, а 631 се водат како исчезнати во големиот пожар на северот на Калифорнија. Ова е најсмртоносниот шумски пожар во САД во изминатите 100 години. Властите наведуваат дека меѓу исчезнатите има и луѓе кои веројатно избегале од пожарот, но не знаат дека се пријавени како исчезнати. Во пожарот биле уништени над 9.800 домови, а околу 52 илјади луѓе се евакуирани во засолништа, кај роднини и пријатели и во мотели, додека некои се сместени на големиот паркинг и блиската полјана во местото Чико, на 20 километри од огнот. Читать дальше...

Лидерот на сестринската партија на Меркел, Зехофер се повлекува од водењето на партијата

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на германската владејачка Христијанско-социјална унија (ЦСУ), Хорст Зехофер, која е коалициски партнер на Христијанско-демократската унија на канцеларката Ангела Меркел, изјави дека ќе се повлече од лидерското место во партијата на почетокот на следната година. Зехофер сепак сака да најави дека ќе остане министер за внатрешни работи. ЦСУ е активна само во Баварија, а притисокот врз Зехофер се зголеми откако неговата партија на изборите во октомври изгуби значителен број гласови, иако остана на власт. Читать дальше...

Јавниот долг ќе расте поради автопатот Кичево - Охрид

SlobodnaEvropa.mk 

Зголемувањето на јавниот дол ќе се должи на интензивирањето на капиталните инвестиции, односно задолжувањето за изградбата на патот Кичево-Охрид. Кредитот за доизградба на автопатот е речиси 200 милиони евра.

На Груевски ќе му се суди во отсуство за „шамарите во Центар“

SlobodnaEvropa.mk 

Судот на почетокот на денешното рочиште за случајот „Насилство во Центар“ донесе одлука на обвинетиот Никола Груевски, кој избега во Унгарија, да му се суди во отсуство. Судијата Душан Јосифов кажа дека обвинетиот Никола Груевски не е присутен и оти добиле известување дека не е достапен на полицијата. Обвинителката Фатиме Фетаи, рече дека постојат важни причини на обвинетиот да му се суди во отсуство и оти воопшто не е извесно дали ќе стане достапен. Дополнително Фетаи побара на Груевски да му биде одредена и мерка притвор и за оваа постапка.

Коцијанчич – Свесни сме за Груевски, некои работи се надлежност на земјите членки на ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич, уште еднаш повтори дека не може да коментира судски процедури кои се во тек и дека некои работи не се во надлежност на ЕУ. „Реагиравме, рековме дека се разбира свесни сме за ситуацијата со господинот Груевски, не коментираме судски процедури во тек, владеењето на правото треба да се почитува и во земјите членки и во земјите кандидатки, судските процедури не смеат да се политизираат“, изјави Коцијанчич. Таа не сакаше да го коментира фактот... Читать дальше...

Знаeло ли МВР за планот на Груевски?

SlobodnaEvropa.mk 

Премирот Зоран Заев вели дека МВР преземало се што може во случајот со Груевски и дека се чекаат резултатите од истрагата за евентуалните пропусти. Безбедносните аналитичари оценуваат дека полицијата морала да го знае планот на Груевски и да го спречи.

Заев – Дали Груевски отишол доброволно или бил киднапиран?

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека и поранешниот премиер Никола Груевски и Унгарија треба да дадат одговор дали Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран. Тој рече дека е јасно дека Груевски побегнал преку Албанија и Црна Гора со унгарско дипломатско возило.  „И јавно го поставувам прашањето, дали Груевски доброволно ја напуштил Македонија пред да биде издадена потврдата за казната затвор или можеби бил киднапиран“, изјави премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата. Читать дальше...

Пајат - Историјата ќе биде дарежлива со Заев и Ципрас

SlobodnaEvropa.mk 

Договорот од Преспа ќе оди напред, а историјата ќе биде многу благородна и дарежлива со премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас, изјави американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пајат,  на панел дискусија во рамките на третиот Солунски самит, пренесува грчката новинска агенција АНА-МПА. Пајат рекол дека САД работат напорно за спроведување на договорот, во соработка со нивните европски партнери. Американскиот амбасадор во Атина, истакнал дека Договорот од Преспа не е важен само од геополитички, туку и од економски аспект.


Музыкальные новости
Концерт

Концерт в музее-заповеднике П.И. Чайковского





Персональные новости
Сергей Арутюнов

Финалист шоу “Голос” Сергей АРУТЮНОВ прямо при выезде со своего сольного концерта в Кремле cлучайно сбил девушку. А ей оказалась солистка группы Демо.





Последните живи лидери на Црвените Кмери осудени за геноцид

SlobodnaEvropa.mk 

Двајца некогашни лидери на Црвените Кмери, комунисти кои владееја со Камбоџа во 70-тите години од минатиот век, денеска беа осудени на доживотен затвор за геноцид, злосторства против човештвото и за воени злосторства. Меѓународниот суд ги осуди 92-годишниот Нуон Чеа и 87-годишниот Киу Сампан за убиството на околу 1,7 милиони луѓе за време на бруталното владеење на Црвените Кмери од 1975 до 1979 година. Во пресудата се наведува дека Црвените Кмери извршиле геноцид врз виетнамското малцинство и врз муслиманскиот народ Чам. Читать дальше...

Азилот на Груевски ќе создаде непријатности за Унгарија и ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Доколку Унгарија му одобри политички азил на Груевски ќе значи дека во Македонија се врши политички прогон, оценуваат експерти. Тие сметаат дека ваквата ситуација ќе создаде проблеми за Унгарија и премиерот Виктор Орбан во ЕУ во однос на владеењето на правото.

Изгоре патнички автобус во Зимбабве, загинаа над 40 луѓе

SlobodnaEvropa.mk 

Над 40 луѓе загинаа, а најмалку 20 се повредени кога се запали и изгоре патнички автобус во Зимбабве, соопшти полицијата. Меѓу повредените има и луѓе со тешки изгореници. Полицијата сè уште нема детали за причините за пожарот кој изби синоќа. Несреќата се случи синоќа, на околу 550 километри од главниот град Хараре, додека автобусот возел кон Јужна Африка. Во судир на два автобуси во Зимбабве минатата недела загинаа 50 луѓе, а 80 беа повредени.

Борисов - Колку побргу Македонија се интегрира во НАТО и ЕУ, толку подобро за Бугарија и Грција

SlobodnaEvropa.mk 

Колку побргу ја видиме Македонија во Европската унија и во НАТО, толку е подобро и за Бугарија и за Грција, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов во неговиот говор на третиот самит во Солун, за перспективата и соработката на Западниот Балкан, јави дописничката на МИА од Атина. „Нема подобро место од Европската унија. И во Грција кога се појави кризата кој всушност ѝ помогна? Кој застана до неа? Европската унија. Ако, не дај Боже се појави проблем, кој ќе ни помогне? НАТО, Европската унија. Нашата поврзаност е и геостратешка во секоја област. Читать дальше...

Мета: Бегството на Груевски на еден начин е признавање на вината

SlobodnaEvropa.mk 

Албанскиот претседател Илир Мета, гостувајќи во синоќешната емисија „Опен” на тиранската телевизија Топ чанел, ја коментираше веста за бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски во Унгарија, минувајќи преку Албанија. Мета изјави дека минувањето на Груевски низ Албанија е прашање кое треба да им се постави на соодветните одговорни органи во земјата, додавајќи дека на еден начин заминувањето на Груевски од Македонија е признавање вина од негова страна. Не сакам да се мешам во ова прашање... Читать дальше...

Се одбележува Меѓународниот ден за толеранција

SlobodnaEvropa.mk 

Македонската академија на науките и уметностите во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, по седми пат организираат одбележување на Меѓународниот ден за толеранција. Годинава Меѓународниот ден на толеранцијата се одбележува на тема „Попреченоста не е пречка за успех“.

Спорт в России и мире
Москва

Расплата за расточительство! ФК «Оренбург» на домашнем поле уступил ФК «Динамо» (Москва) – 1:2


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Дарья Касаткина

Теннисистка Касаткина выразила сожаление, что у нее нет коннекта с Шараповой


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Мокрый фасад: как сделать отделку по технологии СФТК





Путин в России и мире
Москва

Киркоров и Пелагея спели для амурчан-бамовцев в Москве


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко убежден, что белорусы «никогда еще так хорошо не жили»




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Во Франции назвали бредом слова Зеленского про угрозу Путина Европе


Навальный в России и мире
Москва

Священнику, отпевавшего Навального, запретили носить рясу и крест



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Певица

Певица Юлия Паршута стала новой гостьей шоу “Утро. ТНТ”



Москва

Спартакиада сотрудников противопожарной службы прошла в Шатуре

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net