123ru.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2018

Новости за 09.11.2018

Судските служби не го нашле Груевски дома

SlobodnaEvropa.mk 

Како што неофицијално се дознава судските служби не му го доставиле решението на поранешниот премиер Никола Груевски, откако попладнето Кривичниот совет ја потврди одлуката за неодложување на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО. Дел од медиумите  шпекулираат дека судскиот доставувач направил два обиди да го најде Груевски на адресата која е наведена во неговата лична карта, но тој не бил дома. Веднаш штом ќе го добие решението , Никола Груевски ќе мора да се пријави на издржување... Читать дальше...

Неделниците анализираат за финансиите

SlobodnaEvropa.mk 

Неделниците Капитал и Глобус ги анализираат реакциите по одлуката на Владата за воведување прогресивен данок. И Фокус пишува за финансиска тема, но за друштва кои доделуваат кредити, но со лихварски камати.

„Фотомедиа“ или чествување на завршниот магичен допир на авторот

SlobodnaEvropa.mk 

Во изложбениот салон Чифте амам во Националната галерија на Македонија утре вечер свечено ќе биде отворена Меѓународната изложба на фотографска уметност „Фотомедиа“, што ја организира Фото клубот „Елема 1962“ од Скопје.



И вториот нацрт-амандман помина на Комисијата за уставни прашања

SlobodnaEvropa.mk 

Со девет гласа „за“ и седум „против“ попладнево помина и вториот нацрт амандман за уставни измени во собраниската Комисија за уставни прашања. Со вториот нацрт амандман за измена на Уставот во Преамбулата на највисокиот правен акт одлуките на АСНОМ се заменуваат со Прогласот од АСНОМ и се додава Охридскиот рамковен договор. На вториот ден од расправата ставовите на власта и опозицијата одеа во истите насоки, како и претходно. За опозицијата со вториот нацрт амандман се бришат најважните државотворни... Читать дальше...

Камчев меѓу петте осомничени во Кривичниот суд за случајот "Империја"

SlobodnaEvropa.mk 

Бизнисменот Јордан Камчев доцна попладнево беше донесен во  Кривичниот суд пред судија на претходна постапка. Пред судија на претходна постапка претходно беа изведени Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска, Тодор Мирчевски и Цветан Панделески кои се блиски бизнис соработници со Камчев. Од СЈО денес информираа дека е отворена истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска... Читать дальше...

Мицкоски: Груевски е жртва на политички прогон

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  рече дека одбивањето на жалбата на Никола Груевски покажало дека станува збор за политички прогон. Тој ова го кажа вечерва во интервју  за Телевизијата Алфа "Чинот ја потврди тезата за политизираното судство. Никола Груевски е жртва на политички прогон. Кога тие беа опозиција сакаа да кажат дека милијарди се изнесени од Македонија, а сега е осуден за стекнување нематријилна корист. Груевски најпрвин во Парламентот не му го одземаа мандатот, а Кривичниот совет покажа дека е вршен притисок. Читать дальше...

Утре продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

SlobodnaEvropa.mk 

Во Собранието на Република Македонија денеска почна расправата за Дополнетиот предлог за изменување и дополнување на Буџетот за годинава, во второ читање.  "Државата се уште ги исплаќа парите од фасадите и спомениците што ги градеше ВМРО-ДПМНЕ, ги враќа долговите од изминатите десет години. Точно, мала е реализацијата на капиталните трошоци, но ако сте чесни, кажете зошто е тоа така и кои се причините", реплицираа пратениците од СДСМ по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека актуелната власт со предлог-ребалансот... Читать дальше...

Лавров - Напорите на ЕУ пропаднаа, САД ја притискаат Приштина да формира војска

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска оцени дека обидите на ЕУ за посредувањето помеѓу Белград и Приштина пропаднале, додавајќи дека врз Приштина се врши притисок однадвор, пред сè од САД, за формирање сопствена армија. „Очигледно е дека напорите на ЕУ пропаднаа, бидејќи Приштина одби да ги спроведе сите договори кои досега беа постигнати“, изјави Лавров. Рускиот министер за надворешни работи посочи дека ова се однесува пред се на формирањето на Заедницата на српските општини. Читать дальше...



Одбиени жалбите, Груевски треба да се јави во затворот

SlobodnaEvropa.mk 

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги одби жалбите на Никола Груевски и на неговите адвокати и го потврди решението на судијата за извршување санкции со кое поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ треба да се јави во затворот „Шутка“ за издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“. Како што соопшти Судот, Решението е испратено до странките во постапката и е извршно веднаш по приемот од странките. "По добиени повеќе прашања од медиумите... Читать дальше...

За шест месеци продолжена кризната состојба на јужната и северната граница

SlobodnaEvropa.mk 

Со одлука на Собранието на Република Македонија, до 30 јуни следната година е продолжена кризната состојба на јужната и на северната граница на Република Македонија. Одлуката беше донесена со 68 гласа „за „ и пет „воздржани“. Кризната состојба се продолжува на предлог на Владата поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Македонија, образложи заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски на расправата во Парламентот. Првата одлука за кризна состојба... Читать дальше...

На 20 ноември продолжува рочиштето за убиството на Никола Саздовски

SlobodnaEvropa.mk 

По првото рочиште за убиството на Никола Саздовски, бранителот на еден од обвинетите Насер Рауфи изјави дека обвинетите Бесим Беља и Скендер Демири немале умисла да го убијат Никола Саздовски, туку сакале само да го истепаат. Според него, обвинението кое претходно беше квалификувано како насилство, поради протестите на навивачката група „Комити“, e преквалификувано како убиство. Адвокатот на семејството на Саздовски, Ванчо Шехтански, рече дека се задоволни од денешниот исказ на сведокот, малолетничката... Читать дальше...

Русија организира конференција за Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Русија организира конференција за Авганистан на која учествуваат претставници од Програмата за мир и реинтеграција на Авганистан и на талибанците. Американската амбасада во Москва испрати дипломат како набљудувач на разговорите. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров рече дека Москва се надева „преку заеднички напори да отвори нова страница во историјата на Авганистан“. Првиот руски обид за конференција во септември пропадна, откако авганистанските власти одбија да учествуваат. Овој пат, владата не испрати свои претставници... Читать дальше...

Светска банка - Прогресивниот данок ќе ги зголеми приходите и ќе ја подобри еднаквоста

SlobodnaEvropa.mk 

Светска банка го поддржува воведувањето прогресивно оданочување во Македонија и смета дека тоа ќе ги зголеми приходите и ќе ја подобри еднаквоста. Во анализата „Прогресивност и еднаквост во оданочувањето на личните приходи“ се вели дека со рационализирањето на даночните ослободувања и воведувањето прогресивност во оданочувањето на личните приходи ќе се зголемат приходите во буџетот и ќе се подобри еднаквоста во Македонија. Во објавената анализа, Банката за Македонија наведува дека земјата одржуваше... Читать дальше...

Камчев - Сите мои компании се отворени за соработка со СЈО

SlobodnaEvropa.mk 

Извршниот директор на „Орка Холдинг“, Орце Камчев, денеска преку пишано соопштение изјави дека сите негови компании се отворени за соработка со Специјалното јавно обвинителство, како и со сите други државни институции во земјава, и дека сите негови компании, кои вработуваат над 3.000 луѓе, го почитуваат законите. Инаку, Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека отвора истрага со кодно име Империја, против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева... Читать дальше...

Додатокот за трето дете не се укинува за оние кои веќе го примаат

SlobodnaEvropa.mk 

Оние родители кои веќе користат додаток за трето дете ќе продолжат да го користат и во иднина, а идните родители на трето дете ќе можат да аплицираат за остварување на ова право до 10 месеци по донесувањето на новиот закон, појасни денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Таа додаде дека мерката трето дете не ги дала посакуваните ефекти и не го зголемила наталитетот. Пред 10 години, рече Царовска, тој изнесувал 13,3 отсто, а во 2016 – 11,1 отсто, така што издвоените средства... Читать дальше...

ИСИС ја презеде одговорноста за насилствата во затворот во Таџикистан

SlobodnaEvropa.mk 

Исламската држава ја презеде одговорноста за почетокот на крвавите насилства во затворот во градот Хуџанд во северен Таџикистан. Во соопштението на Исламската држава, објавено од нивната новинска агенција Амак, се наведува дека еден нивен борец ги почнал судирите во затворот со тоа што убил еден затворски чувар. Извори блиски до владата и безбедносни претставници за Радио Слободна Европа потврдија дека насилствата во затворот биле организирани од поддржувачи на Исламската држава, осудени за тероризам и екстремизам. Читать дальше...

СЈО отвори нова истрага „Империја“ против Орце Камчев и Сашо Мијалков

SlobodnaEvropa.mk 

СЈО денеска соопшти дека отворило нова истрага, со кодно име Империја, против Орце Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело. Читать дальше...

Банкарите бараат одложување на данокот на камати до влезот во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Македонската банкарска асоцијација бара одложување на оданочувањето на каматите на депозитите на граѓани најавено за од 2020 година, до влезот на земјата во ЕУ. Македонската банкарска асоцијација вчера одржа седница на Собранието на која ги разгледа предложените законски измени што се однесуваат на оданочување на доходот од камати на депозити на граѓаните. Тие сметаат дека со одложувањето на даночењето на приходите од камати ќе се задржи позитивниот тренд на штедењето. Во однос на воведувањето прогресивно оданочување... Читать дальше...

Собранието не му го одзеде мандатот на Никола Груевски

SlobodnaEvropa.mk 

Собранието денеска не му го одзеде мандатот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. „За“ предлогот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот гласаа 58 пратеници, а 27 беа против. Собраниската комисија со мнозинство гласови во средата препорача да му се одземе пратеничкиот мандат на Груевски заради издржување на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот мерцедес во предметот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство. Денешната одлука... Читать дальше...


Музыкальные новости
Концерт

Концерт группы «Пикник» в Петербурге начался с минуты молчания о жертвах теракта





Персональные новости
#123ru.net

Архитектурные доминанты округов Москвы





ЕК - Македонската економија годинава со раст од 2,1 отсто

SlobodnaEvropa.mk 

Македонија годинава ќе забележи економски раст од 2,1 отсто, прогнозира Европската комисија во есенскиот извештај за економиите на земјите членки на ЕУ и државите кандидати. ЕК за наредната година предвидува македонската економија да порасне за 2,8 отсто, а во 2020 година за 3,1 процент. Во делот за Македонија се наведува дека економското опоравување на земјата ќе зависи од политичката состојба и нивото на инвестиции. Главните ризици се поврзани со можната политичка нестабилност што може да ги одврати инвеститорите. Читать дальше...

На ред вметнувањето на Рамковниот договор во Уставот

SlobodnaEvropa.mk 

На денешната расправа во Комисијата за уставни прашања на ред е вториот нацрт-амандман за промена на Уставот. Освен обврските кои произлегуваат од договорот од Преспа, во Преамбулата на Уставот треба да биде вметнат и Охридскиот рамковен договор.

Австрија сомничи пензиониран офицер дека 20 години бил руски шпион

SlobodnaEvropa.mk 

Австриските власти испрашуваат неодамна пензиониран воен офицер под сомнение дека скоро 20 години бил руски шпион, соопшти денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц. Министерката за надворешни работи Карин Кнајсл го повика рускиот амбасадор во врска со темата и го откажа претстојното патување во Русија закажано за 2 и 3 декември. „Руското шпионирање во Европа е неприфатливо и ќе биде осудено“, рече Курц на денешната прес-конференција во Виена. Како одговор, руското МНР денеска го повика австрискиот амбасадор да ги објасни обвинувањата... Читать дальше...

СЈО врши претрес во фирмите на Орце Камчев

SlobodnaEvropa.mk 

Обвинители на Специјалното јавно обвинителство, како што потврдија оттаму, денеска се влезени во фирми на повеќе лица, меѓу кои и на бизнисменот Орце Камчев. Повеќе детали околу претресот се очекуваат во текот на денот. Камчев пред две години беше повикан на распит во СЈО, но од Обвинителството тогаш не кажа во кое својство и за кој случај е повикан.

Почна судењето за убиството на Никола Саздовски

SlobodnaEvropa.mk 

Во Кривичниот суд во Скопје денеска започна судењето на Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиството на дваесетгодишниот Никола Саздовски. Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со 19-годишниот Јетон Љужа, кој е во бегство, на 29 јуни годинава крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката Алкалоид во Автокоманда. Тие му пристапиле на Саздовски и му побарале лична карта. Откако им ја покажал, неочекувано започнале заедно истовремено да го удираат со боксови во пределот на главата и градите... Читать дальше...

Косово најавува прекин на дијалогот со Србија ако ЕУ не му ги укине визите

SlobodnaEvropa.mk 

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај и неговиот заменик Енвер Хоџај најавија можност за прекин на дијалогот со Србија, доколку Советот на министри на Европската унија во текот на декември не го постави на дневен ред прашањето на визна либерализација за граѓаните на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Тие, како што пишува денеска „Епока е Ре“, го сметаат за оправдано поврзувањето на овие два процеси, доколку ЕУ не го одржи даденото ветување за визите. Според Харадинај и Хоџај, неправедно е врз Косово да се врши притисок за дијалогот... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Блиц-матч по шахматам между двумя командами провели в павильоне «Спорт для каждого»


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Чесноков оценил шансы Александровой в борьбе за выход в финал турнира WTA в Майами


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Татьяна Марчук выпустила альбом «Экопесенки» на лейбле Riki Music





Путин в России и мире
Москва

Москва готовится к ракетным ударам по аэродромам НАТО?


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Киев признал стагнацию ВСУ по всей линии фронта


Навальный в России и мире
Москва

Силовики задержали за сутки пятерых журналистов, часть проходит по делу об «участии в работе ФБК», одного жестоко избили при задержании



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Елена Волкова

Перенос дат II этапа культурного проекта «Классика: история и современность» в Дмитрове



Москва

Специалисты МЧС России регулярно напоминают гражданам правила пожарной безопасности

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net