123ru.net
World News in Macedonian
Ноябрь
2018

Новости за 05.11.2018

Владата ги усвои амандманите на ребалансот на буџетот

SlobodnaEvropa.mk 

Владата на Македонија на денешната седница ги разгледувала и ги усвоила амандманите на ребалансот на Буџетот за 2018 година предложени на комисиската расправа во Собранието, соопштува владината прес служба. На седницата се прифатени осум амандмани како дополнување на Предлогот за Изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година. Владата ќе го испрати новиот предлог за ребаланс на Буџетот до Собранието.

САД бараат темелна истрага за смртта на Кашоги

SlobodnaEvropa.mk 

САД повикаа на „темена, конклузивна и транспарентна“ истрага за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги. Пет месеци откако го напуштија Советот на ОН за човекови права, на состанок на телото, американскиот вршител на должност Марк Касајр рече дека САД го осудуваат убиството на новинарот, што се случи во саудискиот конзулат во Истанбул минатиот месец. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп во јуни ги повлече САД од 47-члениот Совет, обвинувајќи го телото, меѓу другото, дека е антиизраелски настроено. Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги разобличува уставните амандмани во Собрание

SlobodnaEvropa.mk 

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе дебатираат за уставните амандмани, за кои собраниската расправа почнува в среда и, како што велат, жестоко ќе ги разобличат сите уставни амандмани. Тоа е одлучено на координацијата на пратеничката група ВМРО-ДПМНЕ вечерва во партиското седиште. Презентирајќи ги заклучоците, координаторот на пратеничката група Никола Мицевски, рече и дека одлучиле да не учествуваат во Координативното тело за помирување во Собранието, а што се однесува до расправата за мандатот на поранешниот лидер на партијата Никола Груевски... Читать дальше...



Мицкоски до Соботка: Има политички прогон

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потпретседателот на партијата Александар Николоски и членот на Извршниот комитет, Влатко Ѓорчев денеска се сретнале со претседателот на националниот совет на Австрија, Волфганг Соботка, кој е во посета на Македонија. Од опозициската партија информираат дека на средбата се разговарало за повеќе теми важни за стратешките приоритети на Македонија, како и за актуелните политичка и економска состојба во државата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Мицкоски го информирал Соботка... Читать дальше...

Мандатот на Груевски наместо утре, в среда пред пратениците

SlobodnaEvropa.mk 

Собраниската комисија на која требаше да се разгледува одземанењето на мандатот на пратеникот Никола Груевски, кој е осуден на две години казна затвор, наместо утре е презакажана за в среда. Првично седницата на Комисијата за мандатно имунитетни и деловнички прашања беше закажана за 6 ноември, а сега на собранискиот сајт стои 7 ноември. Одлуката прво се разгледува на комисија, а за да му се одземе мандатот потребно е двотретинско мнозинство, односно 80 пратеници. Новата пратеничка група која произлезе... Читать дальше...

Спасовски - Се преземаат сите мерки во врска со инцидентот на навивачите во Тетово

SlobodnaEvropa.mk 

МВР ги презема сите потребни мерки во врска со вчерашниот инцидент со навивачите во Тетово, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. „За навивачите кои скандираа националистички пораки во Тетово, во рамки на СВР-Тетово се преземаат мерки и во делот на едната или другата група. Денеска дадовме посебна задача во делот на превенцијата за да работиме со двете навивачки групи. Не смееме да дозволиме нивните конфликти, кои изобилуваат со таков говор на омраза, да бидат секојдневие во Република Македонија“, вели Спасовски. Читать дальше...

Собранието утре ќе се координира за комисијата за помирување

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието Талат Џафери утре ќе одржи координација за собраниското тело за помирување. На кординацијата ќе присуствуваат и потпретседателите на Собранието, координаторите на пратеничките групи и претставниците на политичките партии што не се организирани во пратенички групи. Од Собранието информираат дека по иницијатива на независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Подобра Македонија“, на координацијата ќе има една точка на дневен ред формирање „Интерпартиско парламентарно тело за помирување и интеграција“.



Курц - Можно е решение на косовското прашање

SlobodnaEvropa.mk 

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави дека ЕУ ќе биде целосна само кога во неа ќе бидат членки земјите од Западен Балкан. Тој попладнево во Белград се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ. Во видео-порака објавена на Твитер, Курц порача дека Австрија е тесно поврзана со Западен Балкан на политички, економски, културен и посебно на меѓучовечки план. По средбата со Вучиќ австрискиот канцелар изрази уверување дека е можно да се дојде до решение на косовското прашање во дијалогот... Читать дальше...

Бизнисмените против прогресивниот данок

SlobodnaEvropa.mk 

Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија се противат на воведувањето прогресивен данок. Тие сметаат дека со тоа ќе се зголеми сивата економија и ќе се нарушат условите под кои ќе се одвива целокупната економија во државата.

Почнаа новите американски санкции против Иран

SlobodnaEvropa.mk 

САД ги почнаа новите санкции против иранскиот енергетски, бродски, финансиски и против секторот бродоградба, по одлуката на претседателот Доналд Трамп да се повлече од нуклеарниот договор од 2015 година меѓу Иран и светските сили. Санкциите, кои Трамп ги опиша како најсилни досега, почнаа денеска, како дел од напорите на Вашингтон да го засили притисокот врз Техеран „да го промени своето однесување“. САД го обвинуваат Иран дека ги поддржува воените насилства во регионот, што Техеран го негира.... Читать дальше...

Соботка - Потребни се храбри одлуки, ЕУ ќе ги награди вистинските чекори

SlobodnaEvropa.mk 

Промените на Уставот што се потребни за промена на името, претставуваат момент на парламентаризам и потребни се храбри чекори. Разбирам дека ова не е едноставно за пратениците од опозицијата, ова е долг процес што треба одново и одново да се отвора, но тука е и прашањето кои се алтернативите, какви се перспективите за оваа држава, ако самата не е способна да ги решава внатрешните конфликти. Ова денеска во своето обраќање пред македонските пратеници го изјави претседателот на австрискиот Национален совет... Читать дальше...

Збогати се преку ноќ на „Синедејс 2018“

SlobodnaEvropa.mk 

Повеќе од стотина филмови селектирани во неколку програмски целини ќе бидат прикажани на 17. Меѓународен фестивал на европски филм „Синедејс“, кој под мотото „Збогати се преку ноќ“ од 8 до 18 ноември, во организација на Младински културен центар, ќе се одржи во Скопје.

Тодор Александров станува Беко, Македонска фаланга ќе биде 26-ти Јули

SlobodnaEvropa.mk 

На следната седница на Советот на Град Скопје, што ќе се одржи идната недела, советниците ќе расправаат за предлогот за преименување на катните гаражи „Македонска фаланга“ и „Тодор Александров“. Според предлогот на Град Скопје, гаражата „Македонска фаланга“ кај Рамстор ќе се вика „26-ти Јули“, по поводот 55-годишнината од земјотресот во Скопје, како и зачувување на историјата на градот. Гаражата „Тодор Александров“, лоцирана на улицата „Даме Груев“, се предлага да се преименува во „Беко“ поради зачувување... Читать дальше...

Голем удар за владејачката партија во Полска на локалните избори

SlobodnaEvropa.mk 

Владејачката популистичка полска партија на Правото и правдата доживеа сериозен удар во вториот круг на локалните избори, зашто проекциите на резултатите покажуваат дека не успеа да освои ниеден од големите градови. Конечните резултати од вчерашните избори се очекуваат денеска, но комбинацијата од излезните анкети и парцијалните резултати покажуваат дека владејачката партија ќе освои само шест градоначалнички места од 107 општини, наведува новинската агенција Асошиејтед прес. Најголемиот од тие градови е Земошќ со околу 65 илјади жители. Читать дальше...

Меркел може да соработува со секој што ќе ја наследи

SlobodnaEvropa.mk 

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека може добро да соработува со сите потенцијални наследници на местото лидер на нејзината Христијанско-демократска унија (ЦДУ), па дури и со некогашниот ривал, кој по една деценија сака да се врати во прв план. Таа исто така наведе дека ЦДУ е посветена на проблематичната коалиција со социјалдемократите. Меркел пред една недела објави дека по 18 години ќе го напушти челното место во партијата, но оти сака да остане канцеларка до крајот на мандатот. Читать дальше...

Хелсиншкиот комитет го осуди инцидентот во Тетово, бара казни за „Балистите“

SlobodnaEvropa.mk 

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија денеска преку соопштение најостро го осуди вчерашниот инцидент во Тетово предизвикан од страна на припадници на навивачката група „Балисти“. „На објавените видеа од случувањата на тетовските улици на 4 ноември 2018 година, се слушаат песни и извици, каде е забележан говор на омраза и повикување на насилство, по што следело и извршување на дело од омраза, односно фрлање со камења и шишиња врз кафуле полно со гости“, наведуваат од Хелсиншкиот комитет. Читать дальше...

Кумуцакос – Уставните измени на Заев го прават Договорот од Преспа уште полош

SlobodnaEvropa.mk 

Одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, смета дека предлогот на македонската Влада за уставни амандмани го прави „уште полош и онака лошиот Договор од Преспа“ и паралелно бара од грчката Влада да излезе со став дали се согласува или не со предлогот на македонскиот премиер Зоран Заев. „Предлогот на Заев за ревизија на Уставот на соседната земја го прави уште полош и така лошиот Договор од Преспа. Го задржува членот 36 што не само што го одржува, туку и го поттикнува иредентизмот. Читать дальше...

Формирањето на комисијата за помирување одложено за следниот понеделник

SlobodnaEvropa.mk 

За формирање на комисијата за помирување, за што иницијатива достави независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, ќе се разговара на следната координација, најверојатно идниот понеделник. Тоа е договорено на денешната редовна координација на претседателот на Собранието Талат Џафери со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи. Одложувањето е затоа што координаторката на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Елизабета Канческа-Милевска... Читать дальше...


Музыкальные новости
Оркестр

Оркестр территориального управления Росгвардии приступил к репетициям парада победы в Челябинске





Персональные новости
Спартак

"Спартак" сыграет с "Динамо" в 1/2 финала Пути Регионов Кубка России





Стопанската комора бара да не се брза со скалестиот данок

SlobodnaEvropa.mk 

Да не се избрзува со усвојување на најавената даночна и пензиско-социјална реформа, апелира денеска Стопанската комора на Македонија, коментирајќи ја завчерашната одлука на Владата. Според Комората, треба да се има предвид дека остануваат помалку од 60 дена до новата фискална година во која ќе почне примената на предложените мерки, а голем дел од деловните субјекти веќе ги имаат усвоено и утврдено финансиските планови за 2019-та. „За најновите владини мерки што беа соопштени во саботата потребни... Читать дальше...

Три години затвор за поранешниот градоначалник на Липљан

SlobodnaEvropa.mk 

Судот во Приштина го прогласи за виновен поранешниот градоначалник на Липљан, Шукри Буја за злоупотреба на службената должност и го казни со три години затвор, јави дописникот на МИА од Приштина. Од останатите осум обвинети во истиот судски процес, четворица се ослободени од вина, а останатите се казнети со затвор од шест месеци до 2,5 години. Буја беше обвинет за злоупотреба на службената должност зашто на приватната компанија „Њу Цо Фероникел Комплекс Л.Ц.“, во 2008 година и отстапил на десетгодишно... Читать дальше...

Доживотен затвор за Украинка за шверц на дрога во Малезија

SlobodnaEvropa.mk 

Една Украинка е осудена на доживотен затвор во Малезија, поради шверц на дрога. Малезискиот суд денеска пресуди дека 24-годишната Клаудија Лопаткина е виновна за шверц на над 1.5 килограми кокаин и ја осуди на доживотен затвор. Украинката беше уапсена во декември 2015 година на меѓународниот аеродром на островот Пенганг во Малезија, откако граничарите пронајдоа кокаин во неколку кутии со чоколади што ги носела. Лопаткина беше ослободена во декември 2017 година по првичното судење, но обвинителите поднесоа жалба. Читать дальше...

Се урнаа две згради во Марсеј, нема информации за жртви

SlobodnaEvropa.mk 

Две згради денеска се урнаа во градот Марсеј на југот на Франција, а пожарникарите им укажале помош на двајца случајни минувачи кои биле полесно повредени. Десетици пожарникари со кучиња проверуваат дали има луѓе под урнатините во близина на Старото пристаниште во Марсеј. Едната од зградите имала пет ката, а другата шест. На местото каде што биле зградите сега има куп шут, а околните улици се покриени со прашина. Локалните власти велат дека зградите биле во многу лоша состојба и дека биле испразнети... Читать дальше...

Хрватска полиција пронајде 156 килограми марихуана во морето

SlobodnaEvropa.mk 

Хрватската полиција пронајде 156 килограми марихуана во морето во близина на градот Оребич и кај островите Корчула и Мљет. Марихуаната била спакувана во пакети, а полицијата ја пронашла откако добила дојава од граѓани. Се претпоставува дека шверцерите се обиделе да ја пренесат дрогата од Албанија или Црна Гора во Италија. „Станува збор за вообичаена морска маршрута на шверцери и кога доаѓа до хаварија на нивните бродови, морето на нашиот брег исфрла пакети со дрога. Во тек е истрага за да се утврди кој е сопственикот на марихуаната“... Читать дальше...

Талибанците убиле 13 војници и полицајци во Авганистан

SlobodnaEvropa.mk 

Талибанците нападнале контролен пункт во провинцијата Газни во Авганистан и убиле најмалку 13 војници и полицајци, информираат тамошните власти. Портпаролот на гувернерот на провинцијата изјави дека настрадале седум војници и шест полицајци, дека четири војници биле повредени. Според него, во тричасовната битка биле убиени шестмина бунтовници, додека над 10 биле ранети. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот. Според нив, пунктот бил поставен пред два дена за да се пресечат линиите на снабдување на талибанците... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Прием заявок на участие в конкурсе на лучшее путешествие по Дальнему Востоку начнется в мае


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Арина Соболенко

Бадоса из-за травмы снялась с матча против Соболенко и заплакала у сетки


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Швеция хочет ограничить доступ в Балтийское море российским танкерам





Путин в России и мире
Москва

Путин 22 апреля проведет в Москве переговоры с президентом Азербайджана Алиевым


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Очередные кадровые назначения объявлены в Минске




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Владимир Зеленский подтвердил ракетный удар по аэродрому в Джанкое


Навальный в России и мире
Москва

В Москве арестован на пять суток историк-публицист Сергеев за пост памяти Навального



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Григорий Лепс

Лоза о ситуации с Лепсом и фанаткой: он повел себя вспыльчиво и импульсивно



Москва

«Нервы, мат, сутолока»: как автовладельцы чинили шины в СССР

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net