Украина им забрани влез во земјата на сите руски мажи од 16 до 60 години
Украина им забрани влез во земјата на сите руски мажи на возраст од 16 до 60 години, објави денеска украинскиот претседател Петро Порошенко. До ова доаѓа по заострувањето на тензиите меѓу двете земји, откако Русија во неделата заплени три украински воени брода и ги зароби нивните посади во морето во близина на Крим.
Порошенко денеска на Твитер напиша дека ова се прави за да се спречат Русите да создаваат „приватни армии“ на украинска територија.
Забраната ќе важи додека важи воената состојба во Украина до 26 декември.
Русија ги поддржува сепаратистите во конфликтот во источна Украина, а во 2014 година го анектира Кримскиот Полуостров.