Потврдена ослободителната пресуда за Насер Ориќ за воени злосторства против Србите
Апелациониот совет на судот во БиХ денеска им изрече ослободителни пресуди на бошњачкиот воен командант во Сребреница, Насер Ориќ и на припадникот на Армијата на БиХ, Сабахудин Мухиќ, кои во повторената постапка се товареа за злосторства над воените заробеници – Срби на подрачјата на Сребреница и Братунац.
Тие по втор пат се ослободени од обвинението за убиството на двајца Срби.
Пред судот беа собрани стотици граѓани за да му изразат поддршка на Ориќ.