Моќници „согласно законите“ го купија Скопје за багатела
На многу локации во државата во изминативе години неповратно се отуѓи државна земја за ниски или речиси никакви надоместоци, а властите се правдаа дека продажбите на државното земјиште се спроведуваа „согласно законите“. Критичката јавност посочува дека така се збогатува мала група моќници.