Кабинет на Иванов - Претседателот ќе се обрати пред Парламентот
Претседателот ќе ја исполни својата уставна обврска и ќе се обрати пред Собранието, информираат од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов по денешната информација дека до Парламентот сè уште не е пристигнато писмо од претседателот за одредување датум за годишно обраќање.
Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска на средба со новинарите кажа дека нема утврден датум за обраќање на претседателот Иванов, бидејќи не е доставено писмо од кај него за да се утврди точниот датум. Вообичаено, Претседателот на државата во декември пред крајот на календарската година се обраќа пред пратениците.