Кина загрижена поради американски бродови кај Тајван
Кина соопшти дека изразила загриженост до Вашингтон поради минувањето на два американски воени брода низ Тајванскиот теснец и тоа пред планираниот состанок меѓу претседателите на двете земји Си Џинпинг и Доналд Трамп на самитот на Г20 во Аргентина. „Им ја пренесовме на американците нашата загриженост. Прашањето на Тајван се однесува на кинескиот суверенитет и територијален интегритет. Тоа е најважното и најосетливо прашање во кинеско американските односи“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Генг Шуанг. Од американската воена морнарица е соопштено дека минувањето низ Тајванскиот теснец бил рутински маневар и во согласност со меѓународното право.