УНЕСКО ја призна традицијата на племето Калаш за културно наследство
Организацијата на Обединетите нации за наука и култура (УНЕСКО) ја стави традицијата на малцинската заедница Калаш во Пакистан, на листата на нематеријално културно наследство која има потреба од итна заштита.
Малото племе Калаш е посебна верска и етничка група со седиште во далечните планини на северозападниот дел на Пакистан, долж на границата со Авганистан.
Во соопштение на 29 ноември, УНЕСКО ја призна традицијата на Калаш, Сури Џагек, преведена како „набљудивање на сонцето“, како живо наследство чија издржливост е под закана.
УНЕСКО наведе дека Сури Џагек е традиционален метеролошки и астрономски систем и практика, донесен претежно во планинскиот систем Хинду Куш, базиран на набљудување на сонцето, месечината, ѕвездите и сенките во однос на локалната топографија.
Племето Калаш брои околу 4.000 луѓе кои се сметаат за потомци на војниците на Александар Велики. Тие главно живеат во измолација, откако воинот го нападнал регионот пред повеќе од 2.300 години.