Контроверзни избори за градоначалник на Истанбул по поништување на победата на опозицијата
Жителите на најголемиот турски град Истанбул денеска повторноќе излезат да гласаат за нов градоначалник. Изборите се одржуваат откако резултатите од претходното гласање одржано на 31 март беа поништени. На тие избори со мало мнозинство победи кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу. Неговиот противкандидат е поранешниот премиер Бенали Јилдирим од владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Имамоглу ја извршуваше градоначалничката функција 18 дена, а по низа жалби од АКП, Централната изборна комисија го поништи гласањето со образложение за неправилности и корупција, како што обвини и Ердоган.Имаммоглу ваквата одлука ја нарече „предавничка“.
Аналитичарите тврдат дека иако Ердоган не е на ливчето , доколку и втор пат неговата партија доживее пораз во Истанбул, ќе биде голем удар за претседателот кој својот политички подем го започна како градоначалник на Истанбул.