Заев убеден дека ќе се најде решение за неосогласувањата со Бугарија
“Тие се едни од авангардата на борбата за нашето добивање одлука за датум за почеток на преговорите. Верувам дека испраќањето на зборовите може да не направи сите повинимателни и попосветени”, изјави Заев.
Потенцира дека не треба да се заборави оти имаме изградено договор за пријателство и низ тоа пријателство, подвлече, прифативме дека дел од нашата историја е заедничка, земавме обврска дека ќе се посветиме кон иднината, а ќе ги затвориме отворените прашања кои останале зад нас.
“Убеден сум дека ќе најдеме решение на ова отворено прашање кое во моментот е присутно во јавноста”, рече премиерот Заев.
