Украинскиот суд му дозволи на Сакашвили да се кандидира на избори
Согласно изборниот законик, кандидатите за парламентарни избори мора да бидат државјани на Украина најмалку пет години. Судот соопшти дека Сакашвили бил жител на Украина од 23 февруари 2014 година до 6 јуни, 2019 година, иако беше депортиран пред една година и му беше одземено државјанството врз основа на декретот потпишан од експретседателот Петро Порошенко.
