Без согласност за новите функционери на ЕУ
Изборот на новиот претседател на Европската комисија се замрси откако двете клучни групи, социјалистите и либералите, ставија до знаење дека не го поддржуваат кандидатот на конзервативната Европска народна партија Манфред Вебер, туку социјалистот Франс Тимерманс.
