ОН: Русија и Турција да ја стабилизираат ситуацијата во Сирија
Шефот на Обединетите нации, Антонио Гутерес, ги повика Русија и Турција да ја стабилизираат состојбата во сириската бунтовничка провинција Идлиб,наведувајќи дека таму се случува "хуманитарна катастрофа".
"Многу сум загрижен за ескалација на борбите во Идлиб, а ситуацијата е особено опасна, со оглед на зголемениот број учесници ", изјави Гутерес за новинарите, и апелираше до Москва и Анкара" да ја стабилизираат ситуацијата без одлагање ".
Русија, главниот сојузник на Сирија и Турција, која ги поддржа бунтовниците во осумгодишната граѓанска војна, минатата година коспонзорираше договор за деескалација за областа во северозападна Сирија. Но, договорот не успеа да се одржи, принудувајќи стотици илјади цивили да го напуштат Идлиб, каде што последните преостанати бунтовници се противат на воената офанзива на сириската влада.
Шефот на хуманитарната мисија на ОН, Марк Никок, рече дека откако сириските сили започнаа офанзива во Идлиб на 30-ти април, околу 330.000 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови а повеќе од 230 цивили загинале. Рускиот амбасадор на ОН, Василиј Небензиа, рече дека септемврискиот меморандум со Турција "се спроведува целосно" и им рече на членовите на Советот дека "не ја забранува, туку ја охрабрува борбата против тероризмот.