Пендаровски со подршка за медиумите
Шефот на државата Стево Пендаровски на денешната средба со претседателот на Здружението на новинарите на Македонија Младен Чадиковски рече дека Кабинетот на Претседателот воспоставува отворена, непосредна комуникација со медиумите, а од нив очекува да бидат активен чинител и коректив на сите општествени процеси во Северна Македонија.
На разговорите е констатирано дека заедничката заложба, и на државата и на медиумите, треба да биде обезбедување на основните права и слободи на новинарите со цел спроведување на професионалните стандарди во известувањето.
Претседателот Пендаровски истакна дека транспарентноста е главен императив и еден од основните принципи на демократијата на секоја држава.
Двајцата соговорници се согласија дека е неопходно забрзување на конституирањето на новиот состав на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и Програмскиот совет на Јавниот сервис МРТ во насока на реформските процеси во медиумската област во државата.