Четворица осомничени за соборениот авион во источна Украина во 2014 година
Холандскиот обвинител Фред Вестербек денеска ги именуваше четворицата осомничени за испорака на ракетниот систем „Бук“ од Русија до Украина со кој беше соборен патничкиот авион МХ17 на 17 јули, 2014 година.
Според него, се работи за тројца руски државјани Сергеј Дубински, Игор Гиркин и Олех Пулатов, како и украинскиот државјанин Леонид Харченко кои ќе бидат обвинети за убиство за нивната улога во случајот. Авионот на Малезија Ерлајнс МХ17 беше соборен во источна Украина и загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.