Нетанјаху повика на санкции за Иран, Британија загрижена
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој беше противник на потпишувањето на нуклеарниот договор на Иран и светските сили повика на повторно воведување на меѓународни санкции доколку Техеран ги оствари своите закани. Тој порача дека во секој случај Израел нема да дозволи Иран да има нуклеарно оружје.
Портпаролот на британската премиерка Тереза Меј соопшти дека нејзината Влада била јасна оти е загрижена за иранските планови за намалување на усогласеноста со нуклеарниот договор.
"Ако Иран престане да ги исполнува своите нуклеарни обврски, тогаш ќе ги разгледаме сите опции што ни се достапни", соопшти портпаролот.
Иранската атомска агенција претходно соопшти дека земјата во наредните 10 денови ќе ги надмине границите на резервите на ураниум кои се утврдени со нуклеарниот договор.