Во Индија 49 луѓе починаа од екстремните жештини во изминатите 24 часа
Најмалку 49 луѓе умреа во изминатите 24 часа во индиската сојузна држава Бихар на северот на земјата, каде веќе две недели владеат екстремни горештини, соопштија денеска локалните власти. Во болниците има уште околу 40 луѓе.
Жртвите претежно се од подрачјето Магад, погодено од суша и температура која со денови е околу 45 целзиусови степени.
Голем дел од северот на Индија две недели е погоден од екстремно високи температури. Во Раџастан се измерени над 50 степени целзиусови.
Во топлотниот бран во 2015 година во Индија и во Пакистан умреа над 3500 луѓе.