Камчев и Филиповски на местото на Груевски и Богоевски
На испразнетите пратенички столчиња во Собранието ќе седнат Ѓорѓи Камчев од ВМРО-ДПМНЕ и Александар Филиповски. Тие доаѓаат на местот на поранешниот премиер Никола Груевски и пратеникот од мнозинството Павле Богоевски чии оставки денеска ги усвои претседателот на Собранието Талат Џафери. Извештајот за констатираните оставки на пратениците ќе биде испратен до ДИК која веднаш на седница ќе ги констатира и ќе ги предложи Камчев и Филиповски за нови пратеници.
Ѓорги Камчев доаѓа од редовите од ВМРО-ДПМНЕ од листата за пратеници од четвратата изборна единица, додека Александар Филиповски беше на листата на СДСМ во првата изборна единица.