Експретседател на Украина обвинет за нелегална приватизација
Поранешниот украински претседател Виктор Јушченко е обвинет за злоупотреба на службената положба и проневера при нелегална приватизација на комплекс за домување во близина на Киев кој беше користен како резиденција на тогашниот премиер и негов наследник Виктор Јанукович.
Обвинителството сооопшти дека тој и официјално бил известен по електронска пошта и лично дека е обвинет за делото. Според обвинителството, Јушченко кој беше шеф на државата од 2005 до 2010 година е осомничен дека му помогнал на Јанукович нелегално да го приватизира имотот вреден речиси 20 милиони долари. Јушченко и неговите адвокати не ги коментираа обвинувањата.