Антикорупциска одлучи дека нема нерегуларности при исплатата на субвенции на тутунарите
Државната комисија за спречување на корупцијата на денешната 18-та седница одлучи дека нема нерегуларности во предметот што се однесува за исплатата на субвенции на тутунарите од Агенцијата за поддршка на земјоделството.
На денешната седница ДКСК постапуваше по вкупно 14 предмети од областа на спречувањето на корупцијата и по 17 предмети за можен судир на интереси. Антикорупциската комисија заклучи дека исплатите се сметаат за редовни согласно годишната програма за исплата на субвенции.
За повеќе предмети ДКСК одлучи да се затворат и архивираат со образложение дека по добиените информации не
биле утврдени нерегуларности, а за еден зошто не е во нивна надлежност да одлучуваат.