Помпео: Подготвени сме за разговори ако Иран се однесува нормално
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео за време на посетата во Швајцарија изјави дека САД се подготвени да се состанат со Иран без никакви предуслови, но додаде дека на Вашингтон му е потребно да види оти Иран се однесува како нормална нација, пренесе „Ројтерс“. Претходно, иранскиот претседател Хасан Рохани најави дека Иран може да биде подготвен за разговори за нуклеарната спогодба, доколку САД покажат почит и не вршат притисок врз нив.