Времето денеска променливо облачно со дожд
Времето денeска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минималните температури ќе се движат од 8 до 15, а максималните од 19 до 26 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 13 до 23 степени.
Под влијание на циклонска активност од Медитеранот во следните денови ќе се задржи променливо и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Од петок се очекува стабилно и значително потопло време.