Претседателот на ЕС, Шарл Мишел во посета на Македонија
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел доцна попладне ќе допатува во работна посета на Република Северна Македонија. Тој ќе се сретне со шефот на државата Стево Пендаровски, со кого потоа ќе одржи заедничка прес конференција. Се очекува тие да разговараат за новата методологија на преговарање за членство во ЕУ, како и за текот на реформскиот процес во земјава. Мишел во Скопје ќе допатува од Тирана, каде што ќе има средба со албанскиот премиер Еди Рама.