Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Март
2018

Новости за 29.03.2018

„Помеѓу соништа и летови“ на Начевски - приказна без почеток, но со среќен крај

SlobodnaEvropa.mk 

На малата сцена на Македонската опера и балет, овој петок, на 30 март, во рамките на фестивалот Денови на македонска музика, ќе се случи праизведбата на камерната опера „Помеѓу соништа и летови“ од Горан Начовски. Станува збор, како што вели авторот, за „автобиографска емотивна приказна во која секој може да ја пронајде својата верзија“.

Лавров: Москва ќе протера 60 американски дипломати

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва ќе протера 60 американски дипломати, како и дипломати од другите земји кои истерале руски дипломати, јавуваат светските агенции. Лавров најавил дека Русија ќе го затвори и американскиот конзулат во Санкт Петербург. „Во овој момент, американскиот амбасадор Џон Хантсман е повикан во министерството каде што ќе му биде изнесена содржината на нашиот одговор кон САД“, изјавил Лавров. Одлуката следува откако Русија најави дека ќе... Читать дальше...

Димитров и Коѕијас во Виена за достоинствено решение

SlobodnaEvropa.mk 

Претстојната средба во Виена за името, протерувањето на рускиот дипломат од Македонија и обвинението за 27 април и повторното приведување на дел од обвинетите, се топ теми за кои пишуваат медиумите.



На Саркози ќе му се суди за злоупотреба на службената положба

SlobodnaEvropa.mk 

На поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе му се суди поради злоупотреба на својата позиција за да добие информации за истрага во врска со нерегуларностите во неговата изборна кампања 2007 година, јавуваат агенциите. Истражителите ова го откриле врз основа на телефонски разговори, кои ги преслушувале во врска со одвоен случај, а кои се однесуваат на финансирањето на кампањата на Саркози, во што учествувал и поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи. Адвокатите на Саркози најавија дека тој ќе се жали на одлуката да му се суди. Читать дальше...

Мијатовиќ е новиот комесар за човекови права на СЕ

SlobodnaEvropa.mk 

Новата комесарка за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ изјави дека нејзин приоритет ќе биде да обезбеди примена на постоечките норми во почитување на човековите права и додаде дека за тоа е потребна политичка волја, но и ангажирање на целите општества. Мијатовиќ на оваа функција стапува денеска, откако во јануари беше избрана на парламентарното собрание на Советот на Европа во јануари. Како што е соопштено од Стразбур, таа денеска ја презема должноста, како прва жена што ќе ја... Читать дальше...

Ахмети: Законот за јазици не влијае врз македонскиот јазик

SlobodnaEvropa.mk 

Законот за јазиците е во корист на земјата и во никој случај не влијае врз македонскиот јазик, истакнал претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети на денешната средба со амбасадорот на Германија во Македонија Томас Герберих на која, како што соопштува ДУИ, се разменети мислења и за политичката состојба во државава, активностите во Собранието, спорот со името како и интеграцијата во НАТО и ЕУ. Според Ахмети, претседателот Ѓорѓе Иванов и опозицијата треба да запрат со пропагандата за дневно-политички цели... Читать дальше...

Ердоган го тужи опозицискиот лидер Киличдароглу

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган поднесе тужба против лидерот на главната турска опозициска партија Републиканската народна партија (ЦХП), Кемал Киличдароглу. Ердоган бара отштета од опозицискиот лидер во висина од 63.000 долари за ширење на невистини. Тужбата е поднесена поради наводите на Киличдароглу дека Ердоган е најблизок, од сите политичари, со имамот Фетулах Ѓулен, кој според турскиот претседател е организатор на неуспешниот државен удар во 2016 година. Адвокатот на Ердоган ги отфрла наводите на Киличдароглу... Читать дальше...

Здравствената состојба на Јулија Скрипал се подобрува

SlobodnaEvropa.mk 

Здравствената состојба на Јулија Скрипал „брзо се подобрува“, соопшти денеска болницата каде што е сместена ќерката на поранешниот руски двоен шпион Сергеј Скрипал. „Состојбата на Јулија брзо се подобрува и таа веќе не е во критична состојба, соопшти болницата додавајќи дека нејзиниот татко е во „критична, но стабилна состојба“. Подобрениот здравствен извештај следува откако Русија рече дека ќе преземе мерки кои ќе бидат "откриени наскоро" како одговор на протерувањето на руските дипломати од страна на Велика Британија... Читать дальше...



Словенија го повика амбасадорот во Русија на консултации

SlobodnaEvropa.mk 

Словенечкиот премиер Миро Церар изјави дека Словенија го повикала својот амбасадор во Русија на консултации поради аферата со труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал. "Словенија ќе го повика својот амбасадор во Русија на консултации во Љубљана во врска со неодамнешните случувања во Велика Британија," напиша Церар на Твитер. Шефот на словенечката дипломатија Карл Ерјавец изјави дека амбасадорот пристигнал во Словенија и дека следува состанок во министерството за надворешни работи. Агенцијата Хина... Читать дальше...

Истрага за немирите во затворот во Венецуела во кои загинаа 68 лица

SlobodnaEvropa.mk 

Членови на семејствата и активисти за човекови права во Венецуела бараат истрага за немирите и пожарот во затвор во кој загинаа 68 лица за време на обидот за бегство на некои од затворениците. Јавниот обвинител на земјата, Тарек Вилијам изјави дека четворица обвинители се назначени за да утврдам што се случило. Карлос Палма, кој е лидер на групата за правата на затворениците „Прозорец на слобода“ посочи дека некои од затворениците починале од изгорениците кои ги здобиле кога запалиле душеци и го... Читать дальше...

Уапсени 5 турски државјани во Косово поради поврзаност со Ѓулен

SlobodnaEvropa.mk 

Косовската полиција уапсила пет турски државјани кои работеле во училишта поврзани со турскиот проповедник Фетула Ѓулен кој живее во САД и кој е обвинет за неуспешниот обид за државен удар во Турција од пред две години. Адвокатот на Ѓулистан образовните институции, Адем Вокши изјави дека турските државјани биле уапсени на пат до нивните работни места. Според него, полицијата не дала објаснување за апсењето, ниту го открива местото каде тие се држат. Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека... Читать дальше...

Правобранителот бара порадикалани реформи во администрацијата

SlobodnaEvropa.mk 

Сè поприсутна селективна правда, партизирана и непрофесионална администрација на централно, а особено на локално ниво, се сериозна пречка во остварување на правата на граѓаните, вели народниот правобранител Иџет Мемети.

Шчербак: Како членка на НАТО може да бидете мета на Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Ако Македонија влезе во НАТО, тогаш при евентуална агресија врз Русија, Македонија ќе биде мета на рускиот одговор, рече рускиот амбасадор Олег Шчербак на прес-конференција во Скопје, додавајќи дека членството во НАТО може да има последици по регионалната безбедност и по билатералните односи меѓу двете земји.

Правобранителот бара порадикални реформи во администрацијата

SlobodnaEvropa.mk 

Сè поприсутна селективна правда, партизирана и непрофесионална администрација на централно, а особено на локално ниво, се сериозна пречка во остварување на правата на граѓаните, вели народниот правобранител Иџет Мемети.

Грузија протера руски дипломат поради случајот Скрипал

SlobodnaEvropa.mk 

Грузија донела одлука да протера руски дипломат како одговор на случајот Скрипал. Грузиското МНР преку соопштение ја осуди употребата на хемиско оружје на територијата на Британија со што, како што е наведено, претставувало сериозна закана по животот и здравјето на луѓето. Според министерството, труењето на поранешниот руски двоен шпион и неговата ќерка Јулија во британскиот град Салсбери претставува сериозен предизвик за заедничката безбедност.

Малала за прв пат во посета на Пакистан

SlobodnaEvropa.mk 

Добитничката на Нобелова награда за мир, Малала Јусафзаи се сретна со пакистанскиот премиер Шахид Абаси, по неколку часа откако се врати во нејзината родна земја. Малала за прв пат е во посета на Пакистан откако беше застрелана во глава од страна на талибанците во 2012 година. Пакистански медиуми објавија видео од пристигнувањето на Малала на меѓународниот аеродром во Исламабад по силно обезбедување сочинето од конвој од 15 вооружени возила. Според соопштението, Малала треба да разговара со пакистанските... Читать дальше...

Ѓуриќ му даде рок на Косово за формирање ЗСО

SlobodnaEvropa.mk 

Директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ денеска изјави дека Приштина има рок од три недели да започне со формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО). Доколку тоа не се случи, тој на прес-конференцијата во Белград порача дека претставниците на Србите од Косово сами ќе започнат со создавањето на ЗСО. За тоа, според него, имаат поддршка од српските власти, а создавањето на ЗСО е во согласност со домашното и меѓународното право, како и со Бриселскиот договор.

Египетскиот претседател Сиси води на изборите

SlobodnaEvropa.mk 

Прелиминарните резултати од тридневните избори покажуваат дека египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси ќе биде реизбран на функцијата. Медиуми од земјата јавија дека тој освоил 92 отсто од гласовите. Единствениот противник на Сиси беше Муса Мустафа Муса, малку познат политичар кој го поддржување реизборот на актуелниот претседател и во последниот момент влезе во изборната трка. Експертите кои се критички настроени кон власта соопштија дека кандидатурата на Муса е со цел да се покаже дека има конкурентност на изборите... Читать дальше...


Музыкальные новости
Rammstein

Минкульт Калининградской области отказался отменять шоу «Tribute Rammstein»





Персональные новости
ЦСКА

РОСГВАРДИЯ ОБЕСПЕЧИЛА ПРАВОПОРЯДОК ВО ВРЕМЯ ФУТБОЛЬНОГО МАТЧА «ЦСКА» - «СПАРТАК» В МОСКВЕ





Рускиот амбасадор најави мерки за протерувањето дипломат од Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот амбасадор во Македонија, Олег Шчербак на денешната прес- конференција изјави денеска дека врз основа на уцена, политички притисок и евроатланска солидарност неосновано се протеруваат руски дипломати во врска со случајот Скрипал идека неговата земја планира цел комплекс на мерки и санкции. Земјите, меѓу кои и Македонија, како што рече, потпаднале под влијанието на непријателските чекори кон Русија и на сметка на своите интереси и билатералните односи донеле избрзана одлука за протерување на рускиот дипломат. Читать дальше...

Џафери нема да стави потпис наместо Иванов на Законот за јазиците

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Собранието,Талат Џафери, изјави дека нема да го потпише указот на Законот за употреба на јазиците, неместо претседателот на државата Ѓорге Иванов. „Нема да ставам потпис под ничие друго име“, рече Џафери на брифинг со новинарите. Претседателот на Собранието вели дека се бараат решенија за Законот. Според него решенија постојат, но сега се анализира кое ќе биде најприкладно. Тој вели дека нема рокови за Законот, оти после второто носење не се пропишани рокови, има само обврска претседателот на државата да го потпише. Читать дальше...

Ципрас: Македонија да има сила да донесе тешки одлуки за името

SlobodnaEvropa.mk 

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека се надева оти за решавање на спорот за името одѕив ќе има и од Македонија, за која прашањето, според него, е од егзистенцијално значење. Тој на регионална конференција за продуктивна реконструкција посочи дека посакува Македонија да го сфати тоа и да има сила да преземе тешки одлуки. Според Ципрас, се преговара за да се постигне решение кое ја гарантира грчката историја и нејзиното културно наследство, а во исто време ќе исклучува секаков вид на иредентизам од другата страна. Читать дальше...

Скрипал првиот контакт со нервниот гас го имал во неговиот дом

SlobodnaEvropa.mk 

Британската полиција соопшти дека верува оти поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија за прв пат биле изложени на нервниот гас во нивниот дом. Според полицијата, најголема концентрација на смртоносната супстанција бил пронајден на влезната врата. Внуката на Скрипал, Викторија изјави дека прогнозата за нивното преживување е многу мала. Скрипал и неговата ќерка беа пронајдени во несвесна состојба на клупа во британскиот град Салсбери, а поради случајот беа протерани околу 150 руски дипломати од 30 земји и НАТО.

Соработник на Трамп за време на кампањата комуницирал со руски разузнавач

SlobodnaEvropa.mk 

Еден од главните луѓе во кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп во последните недели од трката имал постојана комуникација со бизнис соработник за кој ФБИ верува дека имал врски со руското разузнавање. Врската меѓу Рик Гејтс, кој е поранешен заменик шеф на кампањата на Трамп и „Личноста А“, како што е наречена, беше откриена во судските документи подготвени од канцеларијата на специјалниот советник Роберт Мулер. Според документите, „Личноста А“, исто така работела на кампањата на Трамп во тоа време. Читать дальше...

Средба на лидерите на Северна и Јужна Кореја

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун денеска ќе се сретне со неговиот колега од Јужна Кореја, Мун Џае Ин во село кое се наоѓа на границата меѓу двете земји. Самитот, кој е трет меѓу двете земји од корејската војна во 1950-53 година се очекува да ги подобри глобалните дипломатски напори за решавање на ќор сокакот во нуклеарната програма на Северна Кореја. Средбата беше најавена на вчерашните разговори меѓу високи претставници на двете земји во селото Панмунџом.

Спорт в России и мире
Москва

В Московской области прошел чемпионат Центрального округа Росгвардии по стрельбе из боевого ручного стрелкового оружия


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Виктория Азаренко

Азаренко не смогла пробиться в 1/8 финала турнира в Мадриде, уступив Соррибес-Тормо


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Жёсткие экологические требования решат инновационные энерготехнологии





Путин в России и мире
Москва

Мария Захарова раскритиковала высказывание Нэнси Пелоси о Путине и протестах в США


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Smi24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире

Навальный в России и мире
Москва

Дух разделения в Святой Руси, или Можно ли лишиться сана за отпевание Навального*



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Анастасия Волочкова

Волочкова оправдалась за слитые в сеть снимки: «Ничем никого не удивишь»



Москва

Акция «Диктант Победы» началась в Музее Победы

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net