Малала за прв пат во посета на Пакистан
Добитничката на Нобелова награда за мир, Малала Јусафзаи се сретна со пакистанскиот премиер Шахид Абаси, по неколку часа откако се врати во нејзината родна земја. Малала за прв пат е во посета на Пакистан откако беше застрелана во глава од страна на талибанците во 2012 година.
Пакистански медиуми објавија видео од пристигнувањето на Малала на меѓународниот аеродром во Исламабад по силно обезбедување сочинето од конвој од 15 вооружени возила.
Според соопштението, Малала треба да разговара со пакистанските власти за можностите за промовирање на образованието во руралните региони. Малала беше застрелана на 15 години поради нејзината борба за образование на женските деца, по што беше подложена на медицински третман во Лондон каде сега живее.