Мы в Telegram
Добавить новость
123ru.net
World News in Macedonian
Март
2018

Новости за 01.03.2018

Холандските Македонци Питер и Анемик – чувари на нашата изворна традиција

SlobodnaEvropa.mk 

Брачниот пар Питер Ендендајк и Анемик ден Аул од Холандија, во својата приватна фонотека поседува 8.112 носачи на звук од целиот свет, од кои 709 со изворна македонска музика. Тие на државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“ му подарија кутија од 20 грамофонски плочи, како и дигитализирани снимки со нивните изведби во децениите наназад – бесценето нематеријално културно богатство.

Заев и Гаши разговарале за реформските, економските и политичките текови

SlobodnaEvropa.mk 

Актуелните реформски процеси со посебен осврт на евроатлантските интеграции, како и економските текови во земјава биле тема на работниот состанок на премиерот Зоран Заев со претседателот на движењето Беса, Африм Гаши. Од владината служба за информирање соопштија дека Заев го информирал Гаши за текот на преговорите во врска со проблемот кој Република Грција го има со уставното име на Република Македонија, потенцирајќи дека процесот се наоѓа во суштинска фаза и дека постојат разлики меѓу преговарачките страни... Читать дальше...

Меј: Правниот документ на ЕУ за Британија е неприфатлив

SlobodnaEvropa.mk 

Британската премиерка Тереза Меј му пренела на претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск дека нацрт правниот текст на Европската Комисија за Брегзит е неприфатлив за Лондон, соопштуваат од нејзиниот кабинет. „Тереза Меј рече дека нацрт текстот кој вчера го објави Европската Комисија е неприфатлив за Велика Британија бидејќи во случај на негова примена би се поткопале заедничкиот пазар и уставниот интегритет,“ се вели во соопштението од премиерскиот кабинет. Меј меѓудругото го извести Туск... Читать дальше...



Испраќањето на Еленовски во НАТО - главна тема во дневниот печат

SlobodnaEvropa.mk 

Именувањето на Лазар Еленовски за специјален претставник на Македонија во НАТО е една од главните теми во дневниот печат. Весниците пишуваат и за тргањето на споменикот на Александар Македонски од скопскиот аеродром.

Бразил оствари економски раст после три години

SlobodnaEvropa.mk 

Бразилската влада соопшти дека за прв пат после три години, бразилската економија остварила раст со помош на добрите резултати на стопанскиот сектор. Владината статистичка служба соопшти дека бруто домашниот производ се зголемил за еден отсто после падот од 3,5 проценти во последните две години. Статистичките податоци покажуваат дека растот од 13 отсто во земјоделскиот сектор најмногу влијаеле на вкупниот економски раст. Приносите на жито се зголемени за 55,2 отсто, а на соја за 19, 4 отсто повеќе.

Ерменија го отфрли мировниот договор со Турција

SlobodnaEvropa.mk 

Ерменија денеска го поништи мировниот договор, потпишан со Турција во 2009 година, со кој требаше да се прекине 100-годишното непријателство меѓу двете држави. “Ерменскиот претседател Серж Сарксјан на состанокот на Советот за национална безбедност истакна дека се поништени ерменско-турските протоколи”, изјави Владиомир Хакобјан, портпарол на ерменскиот претседател. Портпаролот на МНР на Ерменија, Тигран Балајан напиша на социјални мрежи дека претседателот Сарксјан ги прогласил ерменско-турските протоколи за „ништовни“. Читать дальше...

Француски функционери спиеја на улица

SlobodnaEvropa.mk 

Дваесет и пет официјални претставници на парискиот регион синоќа преноќиле на улица, со цел да го свртат вниманието кон проблемите со кои се соочуваат бездомниците. Снегот почнал да паѓа од рано утрово и брзо го натрупал целиот град. Неколкумината функционери со себе носеле ќебиња и вреќи за спиење, а врз себе имале сино-бело-црвени марами како симбол на нивниот статус. Од почетокот на годината во парискиот регион починале најмалку 13 бездомници. Заменик-градоначалничката на Париз изјави дека не... Читать дальше...

Седуммина приведени по убиството на словачкиот новинар

SlobodnaEvropa.mk 

Словачката полиција приведе седум лица во рамките на истрагата за убиството на истражувачкиот новинар Јан Кучијак, изјави шефот на полицијата Тибор Гашпар, пренесуваат локалните медиуми. Засега нема повеќе детали. Гашпар претходно изјави дека полицијата извршила претреси на поголемиот број адреси на истокот од Словачка поврзани со луѓето за кои новинарот се интересирал. Новинарот и неговата вереница се убиени од огнено оружје во нивниот дом минатиот викенд. Гашпар не ги објави имињата на приведените... Читать дальше...



Шоигу: Американскиот противракетен штит е „чадор со дупки“

SlobodnaEvropa.mk 

Елементите на противракетниот систем на НАТО кои се распоредени во Полска, Романија и на Аљаска се како „чадор со дупки“, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шоигу. Тој додаде дека дупките станале очигледни откако рускиот претсадател Владимир Путин денеска претстави ново нуклеарно оружје. Шоигу додаде дека членките на НАТО се обиделе да ја вовлечат Русија во нова трка за вооружување, но дека новото оружје ќе помогне да се избегне таквото сценарио.

Полицијата го казни Бекир Асани

SlobodnaEvropa.mk 

Полицијата му констатираше прекршок на Бекир Асани, висок функционер од ДУИ кој утрово вербално нападнал полициска службеничка. Асани ја нападнал полицајката откако со пајак-возило заедно со вработени од „Градски паркинг“ му го кренале непрописно паркираниот автомобил. По извршениот разговор во полициска станица Бит пазар, изготвен е записник за констатиран прекршок по чл. 13 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, информираат од МВР. Инаку, Асани е експретседател на огранокот на ДУИ во Чаир. Читать дальше...

Заев: Решение за името е добро за Македонија, Грција и ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Македонскиот премиер Зоран Заев изјави дека очекува спорот за името со Грција наскоро да биде решен и оти тоа би било добро и за Скопје и за Атина и за ЕУ. Заев смета дека сега се најголеми шансите овој долгогодишен проблем конечно да биде затворен, што и би го отворило патот на Македонија кон ЕУ. Сепак, истакна дека тој проблем трае повеќе од 25 години и ако бил лесен за решавање, некој досега би го решил. "Убеден сум дека проблемот може да биде решен за доброто на Грција, на Македонија, и на ЕУ. Читать дальше...

Аманатидис: Има политичка волја, Грција бара ерга омнес за името

SlobodnaEvropa.mk 

Заменик шефот на грчката дипломатија, Јанис Аманатидис во интервју за првата програма на државното радио истакна дека македонскиот премиер Зоран Заев преку неговите изјави на силен начин ја изразил политичката волја за изнаоѓање заемно прифатливо решение за спорот за името. Како пример за тоа, тој го посочува преименувањето на аеродромот и автопатот и „отстранувањето на симболите на иредентизмот“. Но, според него, тие треба да се задржат на суштината на преговорите. Грција, потенцира тој, бара ерга омнес, односно име за севкупна употреба. Читать дальше...

Јункер: Датумите не се важни, нема отстапки во условите за прием во ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер изјави денеска дека по посетата на државите од Западен Балкан се враќа во Брисел со обновено уверување дека местото на регионот е во ЕУ. Тој за време на прес-конференцијата во Софија порача и дека датумите се помалку важни и не може да се направат никакви отстапки во однос на условите за прием, бидејќи тоа не би било во интерес за државите од регионот и за ЕУ. Јункер, како што наведе, во сите држави констатирал сличен елан и желба за спроведување... Читать дальше...

Авганистанските сили заробиле германски државјанин

SlobodnaEvropa.mk 

Авганистанските безбедносни сили заробиле германски државјанин за време на неодамнешната рација во покраината Хелманд врз објект во кој постоело сомнеж дека талибанците произведуваат бомби. Локалните власти соопштија дека мажот носел документи кои го идентификувале како државјанин на Германија и бил заробен заедно со уште двајца милитанти. Првичната истрага, според нив, покажува дека тој не бил затвореник на талибанците и дека учествувал во изработувањето на бомби. Германските власти не го коментираа настанот.

ОЈО со истрага за Антикорупциска, барање за оставка на членовите

SlobodnaEvropa.mk 

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за трошењето на буџетски средства од страна на членовите на Државната комисија за спречување на корупција. Ревизијата на УЈП, како што објавија медиумите, констатирала нерегуларности со тоа што на членови на ДКСК им биле исплаќани патни трошоци за доаѓање на седници врз основа на неверодостојни патни налози. Некои од нив не доаѓале на работа, туку само на седници и поднесувале по три патни налози за ист ден. Владејачкото мнозинство... Читать дальше...

Владата со Грција не разговара со јазикот на спомениците

SlobodnaEvropa.mk 

Македонија во духот на добрососедските односи со Грција го преименува автопатот и името на аеродромот во Скопје, а го отстрани и споменикот на Александар Македонски од аеродромот. Ова според власта треба да резултира со подобрување на комуникацијата меѓу Македонија и Грција.

Мицкоски негира дека има договор со власта за враќање во Собранието

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави денеска дека неговата партија не се договорила со владејачкото мнозинство да се врати во Собранието и да се изгласа Законот за јазици, а за возврат да бидат ослободени притворените за настаните во законодавниот дом на 27 април. Според него, се работи за шпекулација. Мицкоски по средбата со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, напомена и дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот Законот за јазици да се повлече и најодговорна за овозможување демократски амбиент е Владата... Читать дальше...

Русија успешно тестирала ново нуклеарно оружје

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека неговата земја развила и успешно тестирала ново нуклеарно оружје, вклучително и нуклеарна крстосувачка ракета и нуклеарно подводно беспилотно летало. За време на неговото традиционално обраќање до јавноста, тој порача и дека новата интерконтинентална балистичка ракета Сармат има неограничен опсег и може да продре во секој антиракетен систем. Користејќи графика и видео, Путин истакна дека новата подводна ракета може да биде лансирана од подморници... Читать дальше...

Опозицијата бара демократска атмосфера во Собранието

SlobodnaEvropa.mk 

И натаму не е јасно кога пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се вратат во Собранието и покрај најавите на собранискиот спикер Џафери дека тие се блиску до таков чекор. Ставот на опозицијата е дека е потребна демократска атмосфера во Собранието, за чие создавање е одговорно мнозинството.


Музыкальные новости
Imagine Dragons

Группа Imagine Dragons выпустит новый альбом





Персональные новости
БГАТОиБ

Школьники могут принять участие в конкурсе видеороликов «Байкал без пластика»





Украина чекор поблиску до суд за антикорупција

SlobodnaEvropa.mk 

Украинскиот парламент го одобри предлог законот кој овозможува воспоставување на суд за антикорупција по барање на протестни групи и меѓународни поддржувачи на земјата. Законот беше усвоен со поддршка од 282 пратеници во првото читање. Пред гласањето спикерот на парламентот, Андриј Парубиј ги повика пратениците да го поддржат законот, при што тие можат да поднесат амандмани пред второто читање. Лидерите на ЕУ и ММФ побараа антикорупциски реформи во Украина која се најде на 130 место од 180 земји... Читать дальше...

Притвор за советникот на градоначалникот на Шуто Оризари

SlobodnaEvropa.mk 

На советникот на градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш му е одреден притвор од 30 дена по барање на обвинителството. Дудуш е обвинет за примање на поткуп во висина од 1000 евра. Според обвинителството, наградата осомничениот ја договорил и ја примил за да се донесе решение за утврдување правен статус на бесправно изграден објект.

Бомбите ќе се користат како доказ во „Траекторија“

SlobodnaEvropa.mk 

Во Кривичниот суд денеска започна рочиштето за случајот „Траекторија“ на СЈО во кој обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, екс министрите Владимир Пешевски и Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Судот го отфрли барањето на Груевски СМС пораките да не се користат како доказ во случајот.  Обвинетите се теретат дека во 2012 и 2013 година презеле дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатите Миладиновци ... Читать дальше...

На судството му требаат суштински, а не козметички реформи

SlobodnaEvropa.mk 

Реформите во судството се површни и нивната реализацијата засега е мала, оценуваат правните експерти. Дел од нив посочуваат дека реформите треба да почнат од менталниот склоп на луѓето кои се вклучени во процесот, а кои долго време биле под притисок на власта

Путин порача дека на Русија и треба подобар животен стандард

SlobodnaEvropa.mk 

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека Русија треба да се фокусира на зголемување на животниот стандард за сите граѓани. Во традиционално обраќање до нацијата тој порача Русија треба да постигне технолошки напредок со цел да ја постави основата за иден развој. Говорејќи пред стотици законодавци и претставници на власта, Путин предупреди дека Русија ризикува да ја загуби својата сувереност доколку не успее да оствари економски напредок. Според него, потребни се мерки и за справување... Читать дальше...

Воени ветерани во БиХ блокираа патишта

SlobodnaEvropa.mk 

Воени ветерани денеска ги блокираа патишта низ Босна и Херцеговина. Тие бараат од властите дополнителни бенефиции. Илјадници луѓе беа заглавени во нивните возила на ниски температури додека се одвиваа протестите. Воените ветерани од босанската армија и хрватскиот одбранбен совет ги блокираа патиштата во Тузла, Зеница и Добој како и главниот пат од Сараево до Коњич. Тие ги повикаа законодавците да го исполнат нивното барање да им обезбедат по околу 200 долари месечно на невработените воени ветерани. Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

Генерал-полковник Алексей Воробьев высоко оценил подготовку кинологов Росгвардии к предстоящим соревнованиям по профессиональному многоборью


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
ATP

Медведев остался лучшим среди россиян в обновлённом рейтинге ATP, Рублёв — восьмой


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

При каких обстоятельствах может затопить Петербург и Москву? Отвечает гидролог





Путин в России и мире
Москва

Транспортный коридор «Север-Юг» станет катализатором социального и экономического развития стран Евразии и глобального Юга


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко: на территории Польши и Прибалтики готовят атаки на восток




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Захарова: встречи по продвижению "формулы Зеленского" дают Киеву чувство вседозволенности


Навальный в России и мире


Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Imagine Dragons

Группа Imagine Dragons выпустит новый альбом



Москва

Советники Трампа начали просмотр мер против желающих отказаться от доллара стран

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net