Заев: Решение за името е добро за Македонија, Грција и ЕУ
"Убеден сум дека проблемот може да биде решен за доброто на Грција, на Македонија, и на ЕУ. Целта ни е до јуни да добиеме датум за преговори со ЕУ. Тоа не значи дека не можеме да го решиме и во март. Колку побрзо толку подобро", оцени Заев, кој денеска во Софија учествуваше на состанокот на лидерите од Западен Балкан со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.
На новинарско прашање за протестите во Скопје против преговорите за името со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија, Заев рече дека „Македонија е демократска земја, секој има право да протестира, но оти Владата мора да се грижи за добрите перспективи на сите граѓани“.
