123ru.net
World News in Macedonian
Март
2018

Новости за 17.03.2018

Невреме со силен ветер го зафати Охрид

SlobodnaEvropa.mk 

Невреме со силна јачина на ветер и големи бранови денеска го зафати Охрид, информираат локалните медиуми наведувајќи дека се поплавени плажи, а оти имало и оштетени објекти, штети на возила и инфраструктурата во градот и околината.  Управта за хидрометеролошки работи за денеска најави дека ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер со над 80 километри на час, а на планините и над 100 километри на час.

Средба на Ахмети со британскиот амбасадор Гарет

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска се сретна со британскиот амбасадор Чарлс Гарет, при што разговараа за политичките активности во земјата и регионот, законот за јазиците, за состанокот на претседателството на ДУИ, како и за евроатланската интеграција на земјава, соопшти ДУИ. Оттаму наведуваат дека Ахмети истакнал оти со усвојувањето на Законот за јазиците се заокружува нормативниот дел од Охридскиот договор, кој е загарантиран од ЕУ, САД, НАТО и ОБСЕ. „Општеството и политичките лидери треба да... Читать дальше...

Илјадници сириски цивили ги напуштија домовите во Африн и Гута

SlobodnaEvropa.mk 

Илјадници цивили денеска ги напуштија своите домови во северот и југот на Сирија, обидувајќи се да ја избегнат воената офанзива на силите на сириската Влада во областа под контрола на бунтовниците во близина на Дамаск и турската операција против курдската енклава. Сириските државни медиуми известуваат дека десет илјади мажи, жени и деца ја напуштиле источна Гута на територијата под контрола на Владата по офанзивата на владините трупи во последниот дел под контрола на опозицијата. Во нападот во енклавата убиени се повеќе од 1.390 цивили... Читать дальше...



Николовски: Македонија работи на наоѓање решение за увозот на брашното

SlobodnaEvropa.mk 

Македонија преку Мешовитиот комитет работи на изнаоѓање трајно и систематско решение за увозот на српското брашно, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Претходно  српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ изјави дека до 14 април мора да се најде трајно решение за извозот на брашното во Македонија.  Николовски изјави дека проблемот се провлекува повеќе години и за негово надминување се разговара долго време, пренесува МИА. ... Читать дальше...

Загинаа најмалку 16 мигранти и бегалци во Егејското Море

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку 16 лица, меѓу кои и четири деца, загинаа откако нивниот чамец се превртел во близина на грчкиот остров Агатониси во близина на турското крајбрежје, соопшти грчката крајбрежна служба. Станува збор за бегалци и мигранти кои од Турција се упатиле кон Грција, а чамецот се превртел од засега непознати причини. Две жени и еден маж успеале да се спасат и да стигнат до брегот на островот, а на надлежните служби им рекле дека во чамецот се превезувале уште други 19 лица. Од утрово во тек е спасувачка... Читать дальше...

Искршени стакла на штаб на СДСМ во Гостивар

SlobodnaEvropa.mk 

Непознат сторител синоќа со камења и парчиња од бекатон плочки скршил три изложни стакла од просторијата на седиштето на општинската организација на политичката партија СДСМ во Гостивар, лоцирана на улицата „Илинденска“, соопшти МВР. Оттаму наведуваат деека од страна на увидна екипа од Полициската станица Гостивар бил извршен увид и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Љајиќ - до 14 април да се најде трајно решение за брашното

SlobodnaEvropa.mk 

До 14 април мораме да најдеме трајно решение за извозот на брашното во Македонија, изјави денеска српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ. „Воведувањето контра мерки, за жал, се уште е опција. Ние имаме трпение, не сакаме да влеземе во трговска и царинска војна, да воведуваме контрамерки, бидејќи тоа не е во интерес на стопанството и на меѓусебните односи. Јас им кажав да не не тераат тоа да го направиме, но тоа навистина ќе го сториме овој пат ако не најдеме трајно решение“, рече Љајиќ. Читать дальше...

Грчки дипломати ги потврдија заканите кон Коѕијас

SlobodnaEvropa.mk 

Грчки дипломатски извори за новинската агенција АНА-МПА ја потврдуваат веста објавена во грчките медиуми за заканувачкото писмо и куршумот испратен до шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, пренесува МИА. Дипломатските извори потврдуваат дека продолжува нападот од изминатиот период со закани по животот врз министерот за надворешни работи поради македонското прашање, пишува новинската агенција која објавува и детали од заканувачкото писмо до Коѕијас.



Забележани пакети со марихуана во морето во Дубровник

SlobodnaEvropa.mk 

Во морето пред градските ѕидини во Дубровник забележани се пакети полни со марихуана, објавија локалните медиуми наведувајќи дека е пронајдено поголемо количество марихуана, а полициската акција е во тек. Во извештаите се вели дека полициски глисер го прегледува подрачјето, а се претпоставува дека пакетите со марихуана паднале од моторен чамец кој ја пренесувал дрогата од Црна Гора.

Тројца загинати во самоубиствен напад во Кабул

SlobodnaEvropa.mk 

Најмалку три лица се убиени и двајца повредени во самоубиствен бомбашки напад насочен кон странска безбедносна компанија во главниот авганистански град Кабул, соопштија официјални претставници на Авганистан. Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот кој се случи денеска наутро во областа Деспечари, во источниот дел на Кабул. Портпаролот на заменикот министер за надворешни работи Насрат Рахими изјави дека напаѓачот го активирал експлозивот пред да стигне до целта. Министерството соопшти... Читать дальше...

Коѕијас добил писмо со куршум за прашањето за името

SlobodnaEvropa.mk 

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас повторно добил заканувачко писмо и куршум за прашањето за името и преговорите што се во тек, објави весникот „Та неа“, пренесува МИА.  Весникот пишува оти на почетокот од неделава во грчкото  Министерството за надворешни работи пристигнал куршум завиткан во писмо адресиран до Коѕијас, но дека не е целосно познато што точно се случило и дали функционирала или не безбедносната мрежа во Министерството за откривање на сомнителни писма и пратки. Куршумот... Читать дальше...

Бакир Изетбеговиќ ќе претседава со Претседателството на БиХ

SlobodnaEvropa.mk 

Бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ од денеска ќе го преземе претседавањето со тимот на тричленото тело. По принцип на ротација, Изетбеговиќ на таа позиција ќе го замени хрватскиот член на Претседателството, Драган Човиќ. Мандатот на претседавач на Претседателството на БиХ трае осум месеци. На Изетбеговиќ тоа ќе му биде и последен мандат во Претседателството на БиХ, Бидејќи во октомври оваа година во БиХ ќе се одржат избори на сите нивоа, а тој веќе нема право да се кандидира.

Уапсени 12 функционери во Албанија

SlobodnaEvropa.mk 

Уапсени се 12 функционери во Албанија, меѓу кои и еден градоначалник, поради незаконска продажба на земјиште покрај морето, соопшти албанското Обвинителство.  Во соопштението на Обвинителството се наведува дека градоначалникот на Леж, Фран Фрокај и уште 11 функционери се обвинети за злоупотреба на службената положба и фалсификување на документи. Тие се обвинети дека подготвувале лажна документација за државно земјиште со површина од 300.000 метри квадратни, кои сакале да им ги продадат по симболични цени на фиктивни купувачи.

Русија ќе протера 23 британски дипломати

SlobodnaEvropa.mk 

Русија ќе протера 23 британски дипломати, во одмазнички мерки за ќорсокакот за труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал. Москва исто така ќе го затвори Британскиот совет во Русија и ќе ја повлече дозволата Британија да го отвори Генералниот конзулат во Санкт Петербург. Руското Министерство за надворешни работи денеска го повика британскиот амбасадор во Москва поради зголемениот спор околу нападот со нервен гас на поранешниот шпион, објавија руските државни медиуми. Амбасадорот Лори Бристоу... Читать дальше...

Временска прогноза - променливо облачно со засилен ветер

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, топло и доста ветровито. Ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер со над 80 километри на час, а на планините и над 100 километри на час. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од четири до 11 степени, а дневната од 15 до 24 степени.  Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, топло и доста ветровито. Ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер. Читать дальше...

Стабилно финансирање за политичка независност на МТВ

SlobodnaEvropa.mk 

Едно од правата на човекот е да биде точно и навремено информиран. Па дали за тоа граѓаните треба и да плаќаат од нивниот џеб? Во Македонија граѓаните веќе не плаќаат радиодуфузна такса, но се уште се трага за вистински модел за финансирање и оджливост на јавниот серзис.

Спорт в России и мире
Москва

Актера Свиридова госпитализировали из-за инфицирования после операции в Москве


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
ATP

Хачанов: хочу вернуться в топ-10 ATP


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Татьяна Марчук выпустила альбом «Экопесенки» на лейбле Riki Music





Путин в России и мире
Москва

Путин оценил перспективы строительства ВСМ «Москва — Санкт-Петербург»


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Киев признал стагнацию ВСУ по всей линии фронта


Навальный в России и мире
Москва

СМИ: Байден и Шольц не успели предложить Москве обменять Навального



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Владимир Спиваков

В Курской области выступил Национальный оркестр России под управлением Владимира Спивакова



Москва

МВД установило машину террористов благодаря камерам в «Крокусе»

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net