123ru.net
World News in Macedonian
Март
2018

Новости за 11.03.2018

Матис - Нема да биде мудро ако сириската армија користи бојни отрови

SlobodnaEvropa.mk 

Секретарот за одбрана на САД, Џим Матис, ја предупреди Сирија дека нема да биде мудро ако владините сили користат хемиско оружје. При посетата на Оман тој ја критикуваше и руската поддршка за Дамаск покрај извештаите дека силите на претседателот Башар ал Асад неодамна корителе боен гас хлорин при нападите во региониот источна Гута кој го контролираат бунтовниците. Сириската влада ги отфрли наводите. Матис не се закани со одговор доколку се потврди дека сириските сили корителе ваков отров, но рече... Читать дальше...

Марш во Битола за одбележување на холокаустот

SlobodnaEvropa.mk 

Холокаустот е еден од најмрачните периоди на човековата цивилизација во минатиот век затоа што на најбрутален начин беа ликвидирани над шест милиони мажи, жени, деца и старци, само затоа што беа Евреи, а меѓу нив и 7 144 Евреи од територијата на денешна Република Македонија, рече претседателот на Собранието Талат Џафери во обраќањето на настанот во сеќавање на депортираните Евреи од Битола пред 75 години. Јасно и гласно кажуваме, нагласи Џафери, дека никогаш нема да го заборавиме холокаустот и никогаш... Читать дальше...

Британија-траги од нервен отров најдени во ресторанот во кој седеше рускиот агент

SlobodnaEvropa.mk 

Траги од нервен отров се пронајдени во ресторанот во градот Салсбери во Англија во кој седел поранешниот руски агент со својата ќерка пред да паднат во критична состојба. Главниот здравствен претставник, Сали Дејвис, изјави дека на 11 март, кога се случи труењето на агентот, петстотини луѓе го посетиле ресторанот и од нив е побарано како претпазливост да ја исперат својата облека која ја носеле дента. Сепак властите уверуваат дека опасноста од отровот по граѓаните и јавноста сега е ниска. Британските... Читать дальше...



СДСМ ги осуди нападите врз Селмани, Асани јавно го навреди

SlobodnaEvropa.mk 

СДСМ денеска преку соопштение ги осуди нападите врз претседателот на Здружението на новинари на Македонија Насер Селмани. “СДСМ ги осудува нападите врз новинарската фела и нападите кон претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани. Новинарите имаат значајна улога во градењето и унапредувањето на демократските процеси и оттаму, нападот врз новинарите е напад врз слободата на говор и демократските вредности” наведуваат од СДСМ. Партискиот функционер на ДУИ Беќир Асани во... Читать дальше...

Портпаролката на руското МНР обвини влијателен руски пратеник за сексуално вознемирување

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова е последната жена која го обвини влијателниот руски пратеник Леонид Слатски за сексуално вознемирување. Захарова, која е често цитирана во западните медиуми, вчера рече дека Слатски во ресторан и зборувал работи кои таа ги сметала за непријатни. Во гостувањето на руската телевизија НТВ таа рече дека тоа се случило пред пет години кога се уште не била толку позната јавна личност. Со ова таа им се придружи на трите новинарки... Читать дальше...

Куба – Први општи избори по Кастро

SlobodnaEvropa.mk 

Куба денеска ги одржува првите општи парламентарни избори по шестдецениска власт на семејството Кастро. Повеќето од кандидатите за пратеници во националниот парламент доаѓаат од семоќната Комунистичка партија од кои половина се жени. Новиот парламент во април ќе треба да назначи влада од 31 член (државен совет) на чие чело ќе биде претседателот на државата. Претседателските избори пак ќе се одржат следниот месец ,а актуелниот претседател Раул Кастро најави дека нема да се кандидира за нов мандат. Читать дальше...

Се навршуваат 12 години од смртта на Слободан Милошевиќ

SlobodnaEvropa.mk 

Денеска се навршуваат 12 години од смртта на поранешниот претседател на Србија и на Југославија Слободан Милошевиќ. Тој беше обвинет од Хашкиот трибунал и почина на 11 март 2006 година во притворот во Хаг во тек на судењето за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во Косово и во Хрватска и за геноцид во Босна и Херцеговина.  Десетгодишното автократско владеење на Милошевиќ заврши во 2000 година со победата на кандидатот на Демократската опозиција во Србја Воислав Коштунца на изборите за претседател. Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања за економијата

SlobodnaEvropa.mk 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на седница на Централниот комитет на партијата вчеравечер најавил дека во наредниот период ќе почне теренски средби со граѓаните низ целата држава, за да ги слушне нивните сугестии за потоа за нив да се понудат програмски решенија, соопштија од опозициската партија. Тој и членовите на Централниот комитет оцениле дека на економски план државата тоне и се соочува со колапс и дека по девет месеци владеење, граѓаните се „сведоци на десетици лаги и неисполнети ветувања од предизборниот период“. Читать дальше...



Могерини денеска во посета на Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Шефицата за надворешна политика на Европската унија Федерика Могерини денеска патува во Киев на разговори со украинските владини претставници во пресрет на четвртата годишина од нелегалната анексија на Крим од страна на Русија. За време на нејзината дводневна посета таа ќе се сретне со претседателот Петро Порошенко, премиерот Володимир Хројсман, министерот за надворешни работи Павло Климкин и министерот за времено окупирани територии и раселени лица Вадим Черниш. Од канцеларијата на Могерини... Читать дальше...

Град Скопје го отстранува постаментот од споменикот на Ќосето

SlobodnaEvropa.mk 

Град Скопје денеска го отстранува постаментот од поранешниот споменик на Андон Лазов Јанев - Ќосето пред Судска палата. На официјалната страница на Град Скопје на социјалната мрежа Фејсбук се објавени фотографии од отсранувањето. Споменикот беше тргнат ноќта меѓу 21 и 22 февруари, а од градот рекоа дека тој бил незаконски поставен. Отсранувањето предизвика и негодување, а дел почитувачи на ликот и делото на Ќосето тогаш се собраа пред отстатоците и положија цвеќе.

Вес Мичел во вторник во Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Вес Мичел во вторник ќе ја посети Македонија, потврдија од македонската Влада за Радио Слободна Европа. Од таму информираат дека тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. Засега нема други детали за неговата агенда при престојот во Скопје. Викторија Нуланд, која претходно долги години ја извршуваше таа функција доаѓаше во земјата во текот на разговорите за пржинските договори за излегување од политичката криза. Таа си поднесе оставка на позицијата лани... Читать дальше...

Почнаа Зимските параолимписки игри

SlobodnaEvropa.mk 

Со церемонија за отворање во Пјонгчанг, Јужна Кореја, започнаа Зимските параолимписки игри. Вкупно 80 медали може да се освојат во шест спортови- алпско скијање, сноубординг, хокеј, карлинг,нордиско скијање и биатлон. Рекордна бројка од 567 спортисти од 48 земји, плус Параолипмиска атлетска делегација од Русија ќе се натпреваруваат на игрите што ќе траат ди 18 март. Северна Кореја за првпат настапува на Зимски параолимписки игри со двајца спортисти. За разлика од Зимските олимписки игри што се одржаа... Читать дальше...

Притвор за четворица бугарски државјани за криумчарење мигранти

SlobodnaEvropa.mk 

Четворица државјани на Бугарија добија кривична пријава и осумдневен притвор за криумчарење мигранти. На граничниот премин „Богородица“ завчера се обиделе да превезат осум илегални мигранти од машки пол од Шри Ланка и од Авганистан на возраст од 18 до 41 година, соопштија од Министерството за надворешни работи.  Пријавените Љ.Б.(63), П.Х.(59), И.Р.(53) и Т.Т.(24) на 9 март во 10.30 часот влегле на граничниот премин „Богородица“ со минибус „Ивеко“ со бугарски национални ознаки, управуван од првопријавениот... Читать дальше...

Кина ги укина ограничувањата на мандатот на претседателот

SlobodnaEvropa.mk 

Кинескиот парламент денеска го измени уставниот амандман со кој се ограничува претседателскиот мандат со што се отвори можност претседателот Кси Џинпинг да остане на функцијата неодредено време. На седницата на Националниот народен конгрес, на кој право на глас имаат 3000 делегати, против ваквите измени гласале двајца, а тројца биле отсутни. Актуелниот закон му дозволуваше на претседателот два мандата од по пет години. Ваквите уставни амандмани беа донесени од поранешниот кинески лидер Денг Сјаопинг... Читать дальше...

Поплави во северозападна Албанија

SlobodnaEvropa.mk 

Голем регион во северозападниот дел на Албанија е под вода откако реките Буна, Дрим и Скадарско Езеро, достигнаа критични нивоа и се излеаја. Министерството за одбрана денеска објави дека 9.230 хектари обработливо земјоделско земјишта и ливади во околината на Скадар, на стотина километри северно од главниот град Тирана, се под вода откако реката Буна го надмина критичното ниво со 10 см. За да се заштитат браните од пукање вишокот вода, се испушта од трите Хидролектрани на каскадата на реката Дрим... Читать дальше...

Времето денеска топло, од утре дожд

SlobodnaEvropa.mk 

Времето денеска ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од -2 до 4 степени, а дневната од 12 до 22 степена. Утре во попладневните часови, најпрво во западните делови, ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Локално ќе има услови за појава на грмежи проследени со краткотраен пороен дожд. Ќе дува умерен, на места засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од 4 до 10 степени, а дневната од 14 до 21 степен.

Малиновски – Ослободување на институциите за разрешница за злоупотребите

SlobodnaEvropa.mk 

Се надевам и посакувам да има разрешница и за високите функционери, а дали тоа ќе се случи, ќе зависи од тоа колку ќе бидеме подготвени да ги ослободиме институциите, јавното обвинителство и судот, од сите можни влијанија, пред сè од страна на високата политика и бизнис секторот, вели поранешниот антикорупционер Драган Малиновски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Малиновски – Без ослободување на институциите нема разрешница за злоупотребите

SlobodnaEvropa.mk 

Се надевам и посакувам да има разрешница и за високите функционери, а дали тоа ќе се случи, ќе зависи од тоа колку ќе бидеме подготвени да ги ослободиме институциите, јавното обвинителство и судот, од сите можни влијанија, пред сè од страна на високата политика и бизнис секторот, вели поранешниот антикорупционер Драган Малиновски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Спорт в России и мире
Москва

Федерация бокса России на ВДНХ


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
WTA

Азаренко вышла в полуфинал турнира WTA-1000 в Майами


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге о возросшем интересе россиян к волонтерству  





Путин в России и мире
Москва

Путин спросил Беглова о причинах снижения популярности Петербурга у туристов


Лукашенко в Беларуси и мире



123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Киев признал стагнацию ВСУ по всей линии фронта


Навальный в России и мире
Москва

Силовики задержали за сутки пятерых журналистов, часть проходит по делу об «участии в работе ФБК», одного жестоко избили при задержании



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Певица

Певица Любовь Успенская назвала россиян своей семьей



Москва

Ведущего передачи «Такси» Куличкова госпитализировали

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net