123ru.net
World News in Macedonian
Март
2018

Новости за 09.03.2018

Приведен функционер од МВР вработен во кабинетот на министерот Спасовски

SlobodnaEvropa.mk 

Висок функционер во Министерството за внатрешни работи е приведен попладнево под сомнение за злоупотреба на службена положба, објави МИА, повикувајќи се на полициски извори. По налог на Основното јавно обвинителство денеска од слобода е лишен Д.С., вработен во кабинетот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, под сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик - злоупотреба на службена положба и овластување, наведува МИА. Тој бил приведен попладнево во полициската станица Кисела Вода.

Курдските сили демантираат дека Африн е под турска опсада

SlobodnaEvropa.mk 

Курдските Сили за заштита на народот демантираат дека турската армија го опколила сирискиот град Африн. Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека турската армија го опколила градо во северозападна Сирија и во секој момент може да почнат да навлегуваат кон неговиот центар. Турската армија заедно со сириските бунтовнички групи, што ја имаат поддршката на Анкара, на 20 јануари почна воена операцијата против Силите за заштита на народот на сириските Курди во реонот на Африн. Цел на операцијата... Читать дальше...

Пакистанските талибанци ја потврдија смртта на синот на нивниот лидер

SlobodnaEvropa.mk 

Пакистанските талибанци ја потврдија смртта на синот на лидерот Мула Фазлула во нападите со беспилотни летала од страна на американските сили на 6 март. Во соопштението објавено денеска, пакистанските талибанци велат дека е убиен Абдулах, 16 годишниот син на Фазлула. Тој е еден од 21, како што пишува во соопштението, „свети воени“, кои загинале во нападот од беспилотно летало на границата меѓу Авганистан и Пакистан. Заедно со Абдула, во рок од еден месец се убиени четири високи претставници на талибанците, во напади со дронови.



Неделници - Провизии за лекување во странство и автопати

SlobodnaEvropa.mk 

Фокус пишува дека поранешниот врв на Фондот за здравство договарал провизии со турската болница Медикал парк за да праќа пациенти за лекување таму. Неделникот Капитал, пак, пишува сторија за автопатот Кичево – Охрид што го гради кинеската фирма Синохидро.

Пожарот во Карпош предизвикан од запалена изолација

SlobodnaEvropa.mk 

Запалена изолација е причината за пожарот што денеска попладне избувна во објект во изградба на ул. „8 Септември“ во скопската општина Карпош. Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје информираат дека пожарот е изгаснат. Интервенирале со 15 пожарникари и шест возила.

Заедничка реконструкција на пруга Белград-Загреб

SlobodnaEvropa.mk 

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Зоран Михајловиќ денеска потпиша меморандум за соработка со хрватскиот министер за поморски прашања, транспорт и инфраструктура Олег Буткович за развој на железничкиот транспорт. Меморандумот предвидува заедничка реконструкција на железничката пруга Белград - Загреб. Пругата е долга 412 километри и со реконструкцијата патувањето со воз од едната до другата метропола ќе се намали од сегашните седум и пол часа на околу три часа. Планот... Читать дальше...

Косово - Српската листа наводно условува за да гласа за демаркацијата со Црна Гора

SlobodnaEvropa.mk 

Извор од кабинетот на претседателот на косовскиот Парламент соопшти дека Српска листа условува да гласа за Ратификацијата на Договорот за границата со Црна Гора, ако Приштина се согласи Белград да стане акционер на косовскиот металуршки комбинат Трепча.  Според истиот извор тоа или кое и да е друго условување е целосно неприфатливо за претседателот на парламентот Кадри Весели, кој во никој случај нема да прифати да преговара со Српска листа во врска со демаркацијата на границата со Црна Гора, која е потпишана во 2015 година. Читать дальше...



Анѓушев најави инвестиција од автомобилската индустрија

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев вели дека за време на посетата на Варшава оваа недела, разговарал со полската компанија која планира инвестиција во Македонија. Како што рече пред настанот по повод Европската недела на старт-апи, има и датум кога ќе почне градењето на новата фабрика, но тоа ќе го соопшти компанијата. „Имав разговори. Се надевам дека ќе бидат успешни и дека ќе резултираат со градење нова фабрика од автомобилската индустрија. Но, јас ќе оставам тие да завршат и, како што е редот... Читать дальше...

Османи очекува законот за јазици да биде изгласан наредната недела

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи вели дека Законот за јазици ќе се најде пред пратениците наредната недела и се очекува да биде изгласан, како што вели, за доброто на Македонија. Османи во разговор за телевизија Телма вели овој закон не ги претставува почетните позиции на партиите, и дека е компромис меѓу двете партии. Тој отфрла какви било идеи за менување на текстот на законот. Османи не верува дека ако се донесе законот тоа ќе се одрази негативно врз разговорите со опозицијата за реформските закони.

Пожар во зграда во изградба во Карпош

SlobodnaEvropa.mk 

Пожар попладнево избувна во објект во близина на гимназијата „Георги Димитров“ во скопската општина Карпош. Станува збор за пожар во зграда која е во изградба. На терен се испратени повеќе противпожарни екипи.

СТО - Жалбите на таксите на Трамп зависат од самите членки

SlobodnaEvropa.mk 

Земјите членки на Светската трговска организација (СТО), доколку сакаат да ги оспорат царинските бариери кои ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп треба сами да поднесат жалби до институцијата, рече денеска портпаролот на организацијата Даниел Призен. Тој одби да ја коментира одлуката на Трамп да воведе такси на увоз на челик и на алуминиум, но сепак потсети дека генералниот директор на СТО, Роберто Азеведо во понеделникот изрази загриженост за најавените бариери. Портпаролот вели дека... Читать дальше...

Регионални здруженија ги осудија нападите кон претседателот на ЗНМ

SlobodnaEvropa.mk 

Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите ги осуди заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинари на Македонија, Насер Селмани. „Заканите и нападите врз новинарите претставуваат директен напад врз слободата на изразувањето и правото на граѓаните да бидат информирани. Секој напад врз новинари претставува напад врз јавниот интерес, демократија и правата на граѓаните“, се наведува во соопштението. Од Регионалната... Читать дальше...

Започнаа зимските параолимписки игри во Пјеонгчанг

SlobodnaEvropa.mk 

Најголемата зимска параолимпијада официјално започна со церемонијата на отворање во Пјеонгчанг, Јужна Кореја. Ќе се доделат вкупно 80 медали за шест спортски дисциплини, а параолимпијадата ќе трае до 18 март. Во параолимпијадата учествуваат рекорден број на 567 спортисти од 48 земји, како и неутрална параолимписка атлетска делегација од Русија. Претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет, Ендрју Парсонс ја бранеше одлуката да им се дозволи на Русите да учествуваат на олимпијадата. Северна... Читать дальше...

Наместо во март, разговорите од процесот „Жан Моне“ во мај

SlobodnaEvropa.mk 

Разговорите меѓу претставници на пратеничките групи од македонското Собрание, иницирани од тројцата европратеници Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан се одложени за во мај, јавува МИА. Претходно беше најавено дека средбата ќе се одржи од 15 до 17 март и дека на неа ќе присуствува и еврокомесарот Јоханес Хан. Според, канцеларијата на Вајгл, средбата се одложува поради организациски причини.

Османи по јуни се надева на започнување преговори со ЕУ

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска во Секретаријатот за европски прашања се сретна со австриска делегација предводена од Клаус Велфер, шеф на Секторот за Западен Балкан и проширување на ЕУ при австриското Министерство за Европа, интеграција и надворешни работи, а во чиј состав беа и амбасадорите на Австрија во земјите од регионот. Средбата е пред јунското преземање на Австрија со претседавањето со ЕУ. „Ако претседателството на Бугарија со Советот за ЕУ за нас претставуваше еден... Читать дальше...

Хаменеи ги обвини „непријателите“ за протестите против носење хиџаб

SlobodnaEvropa.mk 

Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хаменеи ги обвини странските „непријатели“ за финансирање на неодамнешните протести против задолжителното носеше хиџаб. Според него, како резултат на тоа некои девојчиња биле измамени и го отстраниле нивниот превез. Во Иран беа одржани серија мирни протести на кои десетици жени ги отстрануваа нивните марами со кои им е покриено лицето. Хаменеи посочи дека проблем не се протестите, туку загрижувачки е што сега некои го стават под знак прашалник носењето на хиџабот.

Во Злокуќани ќе се гради новиот Клинички центар

SlobodnaEvropa.mk 

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција најави дека новиот Клинички центар ќе се гради во Злокуќани. Тој порача и дека во близина на специјалната болница во Бардовци, се планирани и медицински факултет, истражувачки центар и кампус за сместување на студенти по медицина. Според него, тоа ќе биде мал медицински град со лесен пристап за сите граѓани. Одлуката за дислокација, како што наведе Филипче, е донесена по широки консултации со лекарите, архитектите и граѓаните. Читать дальше...

Заострени изјави од Скопје и Атина - фолклор пред финалната фаза

SlobodnaEvropa.mk 

Во очекување на посетата на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас на Македонија и потоа средбата со посредникот во спорот за името Метју Нимиц, Скопје и Атина почнаа да си разменуваат позаострени изјави. Според аналитичарите, ова е нормален фолклор пред финалната фаза разговори.


Музыкальные новости
Александр Розенбаум

«Это не бомжовые заведения»: 72-летний Александр Розенбаум зарабатывает миллионы на пивном бизнесе





Персональные новости
Эвелина Блёданс

Звезды шоу-бизнеса Эвелина Бледанс, Костя Дзю, Катя Лель, Катя Гордон примут участие в церемонии награждения премии «PERSONO года 2024»





Одложено рочиштето за Грујевски и Бошковски поради правни прашања

SlobodnaEvropa.mk 

Рочиштето на кое Врховниот суд во Атина одлучува по жалбата за одлуката за екстрадиција на поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски е одложено за 26 април пoрaди прaвни прaшaњa. Наредното рочиште како и денешното ќе се одвива зад затворени врати по барање на одбраната поради безбедноста на Грујевски и Бошковски и поради тоа што во нивниот исказ ќе има прашања кои се доверливи. За Грујевски и Бошковски во Грција се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси. Читать дальше...

Тилерсон разговорал со Трамп за преговорите со Северна Кореја

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави денеска дека претседателот Доналд Трамп донел одлука тој да ги води разговорите со Северна Кореја. Според него, ќе бидат потребни неколку недели за да се организираат разговорите. „Тоа е одлука на претседателот. Јас разговарав изутрината со него за одлуката и имавме добра дискусија“, рече Тилерсон на прес конференција за време на неговата посета на Џиабути. Претходно беше соопштено дека Трамп се согласил да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун до мај годинава... Читать дальше...

Департизација на Антикорупциска за да има ефекти

SlobodnaEvropa.mk 

За членови на Антикорупциската комисија треба да бидат изберени луѓе кои се стручни, а не кои им одговараат на партиите, за конечно да може да има ефект од постоењето на ваквата комисија.

Живнувањето на економијата зависи од политичката состојба

SlobodnaEvropa.mk 

Позитивните податоци за раст на БДП во земјата во последниот квартал се добар знак за македонската економија, но не и гаранција дека земјата ќе го оствари проектираниит раст од 3,2 проценти годинава, велат економистите. Предупредуваат дека политичките потреси дома негативно ќе се рефлектираат на економијата.

Претседателот на Узбекистан во посета на Таџикистан

SlobodnaEvropa.mk 

Узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзијаев е во дводневна официјална посета на Таџикистан на која се гледа како на значаен чекор за подобрување на затегнатите билатерални односи меѓу двете земји. Тој со неговиот таџикистански колега Емомали Рамон се сретнаа зад затворени врати во Душанбе. Мризијаев кој дојде на функцијата по смртта на неговиот претходник Ислам Каримов во 2016 година изјави дека се залага за подобри односи со соседните земји и дека тоа е приоритет на неговата влада.

Рочиштето за Грујевски и Бошковски зад затворени врати

SlobodnaEvropa.mk 

Зад затворени врати се одржува рочиштето во Врховниот суд во Атина за жалбата по одлуката на солунскиот суд за екстрадиција на Горан Грујевски и Никола Бошковски. Нивната одбрана побарала судењето да не биде отворено за јавноста, поради безбедноста на Грујевски и Бошковски и поради тоа што во нивниот исказ ќе има прашања кои се доверливи. За Грујевски и Бошковски во Грција се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси. Едниот е за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром... Читать дальше...

Спорт в России и мире
Москва

RU.TV превращает Русскую Музыкальную Премию в Мюзикл


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
Дарья Касаткина

Теннисистка Касаткина заявила, что скучает по России, но пока не может приехать


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

Мокрый фасад: как сделать отделку по технологии СФТК





Путин в России и мире
Москва

Киркоров и Пелагея спели для амурчан-бамовцев в Москве


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Лукашенко убежден, что белорусы «никогда еще так хорошо не жили»




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Во Франции назвали бредом слова Зеленского про угрозу Путина Европе


Навальный в России и мире
Москва

Священнику, отпевавшего Навального, запретили носить рясу и крест



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Ольга Бузова

«ТНТ, где мой дом?» Ольга Бузова потребовала главный приз реалити-шоу «Дом-2» в программе «УТРО. ТНТ»



Москва

Ипотека в России: недоступная роскошь

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net