123ru.net
World News in Macedonian
Март
2018

Новости за 15.03.2018

Пармаковска: Конечно можам да го пуштам „Одбројување“ на слобода

SlobodnaEvropa.mk 

Во конкуренција од 27 дела, „Одбројување“, ненаметливо раскажаната потресна семејна драма од едно современо скопско секојдневие на Фросина Пармаковска, објавен од издавачката куќа „Или-Или“, е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2017 година. Престижното признание од оваа година го доделува новоформираната Фондација за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“.

Приведен поранешниот директор на СОЗР

SlobodnaEvropa.mk 

Финансиската полицијата го привела Васе Доневски поранешен директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на РМ (СОЗР), објавија вечерва дел од медиумите. Повикувајќи се на извори од Управата за финансиска полиција наведуваат дека Доневски е приведен и е на распит поради сомнежи за злоупотреба на службената положба за времето додека бил директор на службата. Од Управата за финансиска полиција и од МВР засега нема потврда за приведувањето поранешниот директор на СОЗР. Од Управата... Читать дальше...

Заев на средба со делегација од ЕУ за радикалниот екстремизам

SlobodnaEvropa.mk 

Македонија и Европската унија имаат заеднички политики и пристап во борбата против радикалниот екстремизам, истакнал премиерот Зоран Заев на денешната средба со делегација на Европската служба за надворешни работи на ЕУ, предводена од заменик генералниот директор за заедничка безбедносна и одбранбена политика, Педро Серано.   На средбата, како што соопшти владината прес-служба, е нагласена подготвеноста на Македонија да учествува во заедничките политики и акции на ЕУ за справување со овие појави... Читать дальше...



Косово ќе се обиде да ја ратификува демаркацијата со Црна Гора идната недела

SlobodnaEvropa.mk 

Седницата на косовскиот парламент, на чиј дневен ред ќе биде ратификацијата на Договорот за демаркација на границата со Црна Гора е закажана за 20 март во 16 часот, потврди претседателот на парламентот Кадри Весели по средбата со Претседателството на законодавниот дом. Тој додаде дека на 20 март конечно ќе биде заокружено ова прашање, но не одговори дали се обезбедени потребниот број гласови за да помине демаркацијата,туку кусо рече дека има „целосен консензус“ за тоа. И премиерот Рамуш Харадинај... Читать дальше...

Медиумите фокусирани на Законот за јазиците и Казандол

SlobodnaEvropa.mk 

Сите медиуми пишуваат за усвојувањето на Законот за јазици, за атмосферата во која беше донесен, за последиците и за протестите против законот. Втората „жешка„ тема е раскинувањето на договорот за рудникот во Казандол.

Трамп: Изгледа како Русија да е одговорна за труењето на агентот

SlobodnaEvropa.mk 

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека „изгледа како“ Русија да е одговорна за труењето на поранешниот двоен руски агент во Велика Британија. Откако американската администрација најави нови санкции за руски државјани поради нивната вмешаност во претседателските избори во САД во 2016 година, Трамп рече дека нападот со нервен агенс врз поранешниот шпион Сергеј Скрипал го разгледуваам многу сериозно. Трамп во вторникот разговараше со британската премиерка Тереза Меј и тогаш рече... Читать дальше...

СЈО анализирало 85 проценти од прислушуваните материјали

SlobodnaEvropa.mk 

Специјалното јавно обвинителство до денеска ја анализирало содржината на 515 572 аудио фајлови, односно во обработка се 85 отсто од вкупниот број на прислушувани разговори што беа доставени во таа институција, се наведува во шестмесечниот извештај на СЈО објавен денеска. „Како резултат на одобрувањето на обвиненијата кои претходно ги поднесовме, во извештајниот период започнаа или се закажаа рочиштата за најголем број од поднесените обвиненија. Уште повеќе, овој период веројатно најмногу ќе го... Читать дальше...

Мирна состојбата со морбили во Македонија

SlobodnaEvropa.mk 

Состојбата со морбили во државава е мирна, од почетокот на годинава се регистрирани девет случаи од кои само четири се епидемиолошки поврзани, соопшти Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство по денешната редовна работна средба за состојбата со морбили во државава, соседството и во европскиот регион. Следејќи ја состојбата со епидемии на морбили во соседните држави, со појава на смртни случаи, а имајќи ги предвид честите меѓународни патувања и комуникација, како и нискиот опфат со вакцинација против морбили во државата... Читать дальше...



Владата на Словачка во оставка по убиството на познатиот новинар

SlobodnaEvropa.mk 

Словачкиот премиер Роберт Фицо и неговата влада денеска поднесоа оставка во ек на политичката криза до која дојде по убиството на познат истражувачки новинар и неговата вереница. Претседателот Андреј Киска ја прифати оставката на Фицо и побара од Петер Пелегрини, досегашниот заменик премиер, да формира нова влада. Со ваквата одлука ќе се задржи сегашната владина коалиција во која има три партии и ќе се избегнат можни предвремени избори.Според Фицо тие не би донеле никаква стабилност. Следните редовни... Читать дальше...

Пратениците ги изгласаа измените на Законот за заштита од пушење

SlobodnaEvropa.mk 

Пратениците денеска ги донесоа измените на Законот за заштита од пушење, во скратена постапка. За Законот гласаа 41 пратеник, 14 беа против, а еден воздржан при присуство на 61 пратеник. На седницата не присуствуваа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Во текот на дебатата за Законот беа изнесени спротивставени ставови од пратениците од самото парламентарно мнозинство и дел од нив гласаа против. „Правото да го загрозиш сопствениот живот е лично, но ако е на тој што живее и работи до тебе, тоа не е до законот туку до стандардите... Читать дальше...

Нови санкции од САД за 19 руски поединци

SlobodnaEvropa.mk 

Одделот за финансии на Соединетите Американски Држави објави нови санкции за 19 руски поединци поврзани со, како што соопштија американските власти, руското вмешување во претседателските избори во САД и сајбер нападите во земјата. Мерките објавени денеска опфаќаат и лица кои минатиот месец ги посочи специјалниот обвинител Роберт Мулер меѓу кои и бизнисменот поврзан со Кремљ Јевгениј Пригожин и компанијата која наводно ја финансирал, а која се смета за неформална руска фабрика за „интернет тролови“. Читать дальше...

ВМРО-ДПМНЕ го обвини Заев дека лаже за Законот за јазици

SlobodnaEvropa.mk 

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвинија премиерот Зоран Заев дека лаже, бидејќи, како што наведуваат, Законот за употребата на јазиците е неуставен, неприменлив и штетен. Од партијата порачуваат дека со тоа што не се дозволила ниту амандманска расправа за законот се креира опасен преседан кој во иднина може да се повторува. Според ВМРО-ДПМНЕ, било погазено законското и деловничко право на пратениците.

Ѕанакопулос: Преговорите за името со интензивен ритам и на позитивен пат

SlobodnaEvropa.mk 

Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос денеска изјави дека преговорите за името продолжуваат со интензивен ритам и дека се чекори по еден доста позитивен пат. На денешниот брифинг со новинарите, тој не го откри конкретниот датум, кога шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас ќе го посети Скопје. Коѕијас уште еднаш ги повтори позициите на Грција дека е за сложено име, ерга омнес, за севкупна употреба.

Ќе плати ли државата пенали за можното затворање на Казандол?

SlobodnaEvropa.mk 

Постојат утврдени услови врз основа на кои Владата може да го раскине Договорот за концесија за експлоатација на минерални суровина на рударскиот локалитет „Казандол“, велат познавачи. Според нив, еден од начините е еднострано раскинување на Договорот, а друг е во согласност со двете страни.

Заев: Со Законот за употреба на јазиците не губи никој

SlobodnaEvropa.mk 

Премиерот Зоран Заев во видео обраќање порача усвојувањето на Законот за употреба на јазиците е сериозен придонес во концептот на градење на општество еднакво за сите. Според него, законот целосно е во согласност со Уставот и амандманот 5. „Со унапредување на правата за употреба на јазиците не губи никој, туку се овозможуваат услови за подобра комуникација меѓу граѓаните и институциите. Непречената комуникација на граѓаните е цивилизациска придобивка“, наведува Заев. Тој порача и дека законот... Читать дальше...

Франција, Германија, САД и Британија со осуда за Русија

SlobodnaEvropa.mk 

Лидерите на Франција, Германија, САД и Британија соопштија дека единственото веродостојно објаснување е дека Русија е одговорна за труењето на поранешниот шпион Сергеј Скрипал со нервен гас кој бил развиен за време на Студената војна. Според заедничкото соопштение, употребата на хемиско оружје е напад на суверенитетот на Британија и е прекршување на меѓународното право. Скрипал и неговата ќерка Јулија беа нападнати во британскиот град Салсбери и тие се уште се наоѓаат во критична состојба.

Коцијанчич: Законот за јазиците да биде испратен до Венецијанската комисија

SlobodnaEvropa.mk 

Европската комисија очекува Законот за употреба на јазиците да биде испратен до Венецијанската комисија како што е најавено во планот 3-6-9. Ова за МИА го изјави портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич, според која, имплементацијата на законот треба да биде во согласност со европските стандарди. Таа посочи и дека Европската комисија сега очекува Собранието да се фокусира на реформите и напредокот во ЕУ агендата.

Савченко обвинета за обид за терористички напад во Украина

SlobodnaEvropa.mk 

Пратеничката и поранешна руска заробеничка Надја Савченко изјави денеска дека спикерот на Парламентот, Андриј Парубин имал клучна улога во операцијата за спречување на антивладините протести поради кои беше соборен поранешниот украински претседател Виктор Јанукович. Според неа, главниот обвинител Јуриј Луценко ја прикрил вмешаноста на Парубин во убиството на демонстрантите кои беа застрелани со снајпери на протестите. Луценко пак ја обвини Савченко дека планирала терористички напад врз Парламентот во Украина. Читать дальше...

„Одбројување“ на Пармаковска е роман на годината за 2017

SlobodnaEvropa.mk 

„Одбројување“ на Фросина Пармаковска е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2017 година. Романот е објавен од издавачката куќа „Или-Или“, а наградата ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“. Според образложението на жирито, романот „Одбројување“ претставува ненаметливо раскажана потресна семејна драма од современото скопско секојдневие. Пармаковска победи во конкуренција на 27 романи. Финалисти на наградата беа и романите „Апокалипса.мк“ на Бранко Прља... Читать дальше...


Музыкальные новости
Юрий Лоза

«У меня такого не было»: Лоза предположил, почему зрители ушли с концерта Серова





Персональные новости
Подмосковье

Итоги субсидирования сельхозпроизводителей подвели в Подмосковье





Сослушани тројца сведоци за „Тенк“, отсутен четвртиот сведок

SlobodnaEvropa.mk 

На денешното рочиште за предметот „Тенк“ на СЈО беа сослушани тројца сведоци за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. По нивните искази, судењето беше прекинато поради неприсуство на четвртиот сведок. Во случајот обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски. Следното рочиште е закажано за 21 март.

Османи тврди дека не е прекршена процедурата за Законот за јазици

SlobodnaEvropa.mk 

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека во ниту еден дел не е прекршена процедурата при носењето на Законот за употреба на јазиците. Според него, согласно Уставот, амандмани не може да се поднесуваат на еднаш изгласан закон и претседателот Ѓорге Иванов е должен да го потпише указот. Тој порача и дека Македонија завршила едно важно поглавје од својата историја и денес повеќе од кога било е унифицирана и заедничка во своите предизвици за чекорење кон ЕУ и кон НАТО.

Законот и примената на албанскиот јазик во практика

SlobodnaEvropa.mk 

Од моментот на стапување во сила на Законот за јазици, албанскиот јазик ќе добие проширена употреба. Покрај македонскиот, во институциите службен јазик станува и албанскиот, што ќе се применува во комуникацијата, употребата и примената во сите постапки на граѓаните.

Британија го истражува имотот на богатите Руси во земјата

SlobodnaEvropa.mk 

Британскиот секретар за надворешни работи Борис Џонсон изјави дека властите ги истражуваат богатите руски државјани кои имаат имот во неговата земја и сугерираше дека оние кои го своето богатство благодарение на врските со рускиот претседател Владимир Путин може да бидат изведени пред лицето на правдата. Британските власти вчера соопштија дека ќе протераат 23 руски дипломати од Британија поради нападот врз поранешниот шпион со нервен гас кој потекнува од Студената војна. Џонсон ги бранеше мерките... Читать дальше...

Џафери: Иванов е должен да го потпише указот за Законот за јазици

SlobodnaEvropa.mk 

Претедателот на Собранието Талат Џафери изјави денеска дека претедателот Ѓорге Иванов ќе ги прекрши уставните одредби доколку не го потпише указот за прогласување на Законот за јазиците. Тој не сакаше да коментира што ќе се случи ако Иванов да не го потпише законот. Според него, членот 75 од Уставот е јасен, односно по повторно гласање со мнозинство гласови во Собранието, претседателот е должен да го потпише указот за прогласување на законот.

Спорт в России и мире
Москва

Эксперт Президентской академии в Санкт-Петербурге об эффективности программ по формированию здорового образа жизни  


Загрузка...

Все новости спорта сегодня


Новости тенниса
ATP

Сафиуллин не смог выйти во второй круг турнира ATP в Барселоне


Загрузка...


123ru.net – это самые свежие новости из регионов и со всего мира в прямом эфире 24 часа в сутки 7 дней в неделю на всех языках мира без цензуры и предвзятости редактора. Не новости делают нас, а мы – делаем новости. Наши новости опубликованы живыми людьми в формате онлайн. Вы всегда можете добавить свои новости сиюминутно – здесь и прочитать их тут же и – сейчас в России, в Украине и в мире по темам в режиме 24/7 ежесекундно. А теперь ещё - регионы, Крым, Москва и Россия.


Загрузка...

Загрузка...

Экология в России и мире
Москва

"Самое опасное" начнётся в пятницу: Синоптик предупредил об аномальной погоде в России





Путин в России и мире
Москва

Путин 22 апреля проведет в Москве переговоры с президентом Азербайджана Алиевым


Лукашенко в Беларуси и мире
Минск

Очередные кадровые назначения объявлены в Минске




123ru.netмеждународная интерактивная информационная сеть (ежеминутные новости с ежедневным интелектуальным архивом). Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. "123 Новости" — абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Ru24.net — облегчённая версия старейшего обозревателя новостей 123ru.net.

Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам объективный срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть — онлайн (с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии).

123ru.net — живые новости в прямом эфире!

В любую минуту Вы можете добавить свою новость мгновенно — здесь.





Зеленский в Украине и мире
Киев

Захарова: Западу неинтересны планы Киева по атаке на Крымский мост


Навальный в России и мире
Москва

В Москве арестован на пять суток историк-публицист Сергеев за пост памяти Навального



Здоровье в России и мире


Частные объявления в Вашем городе, в Вашем регионе и в России






Загрузка...

Загрузка...



Фридерик Шопен

Музыка Шопена под небом



Москва

Митяевский наплавной мост в Коломне открыт для движения пешеходов и транспорта

Друзья 123ru.net


Информационные партнёры 123ru.net



Спонсоры 123ru.net