Путин порача дека на Русија и треба подобар животен стандард
Говорејќи пред стотици законодавци и претставници на власта, Путин предупреди дека Русија ризикува да ја загуби својата сувереност доколку не успее да оствари економски напредок. Според него, потребни се мерки и за справување со сиромаштијата и потребни се чекори за подобрување на здравствениот систем во земјата.
