Египетскиот претседател Сиси води на изборите
Прелиминарните резултати од тридневните избори покажуваат дека египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси ќе биде реизбран на функцијата. Медиуми од земјата јавија дека тој освоил 92 отсто од гласовите. Единствениот противник на Сиси беше Муса Мустафа Муса, малку познат политичар кој го поддржување реизборот на актуелниот претседател и во последниот момент влезе во изборната трка.
Експертите кои се критички настроени кон власта соопштија дека кандидатурата на Муса е со цел да се покаже дека има конкурентност на изборите, кои беа осудени и од опозицијата. Неколку други потенцијални кандидати беа уапсени или им беше забрането да учествуваат на изборите.