Уапсени 5 турски државјани во Косово поради поврзаност со Ѓулен
Адвокатот на Ѓулистан образовните институции, Адем Вокши изјави дека турските државјани биле уапсени на пат до нивните работни места. Според него, полицијата не дала објаснување за апсењето, ниту го открива местото каде тие се држат. Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека турските државјани се уапсени поради наводно прекршување на дозволата за престој.
