Во Собранието пратенички прашања
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 39. седница на чиј дневен ред се пратенички прашања. Седницата за поставување пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот кога заседава Парламентот. На изминатите неколку седници на кои се поставуваа прашања до претставници на Владата, пратениците од опозициската ВМРО ДПМНЕ не учествуваа.