Руски пратеник уапсен за време на седница во Парламентот
Пратеник на русакта владејачка партија беше уапсен за време на парламентарна седница, за сомненија за вмешаност на две убиства од висок прифил во регионот Карачи-Черкесија на Северен Кавказ.
Рауф Арашуков денеска беше притворен на седница на Советот на Федерацијата, горниот дом на рускиот Парламент, откако пратениците се согласија да му го одземат имунитетот.
Медиумите известуваат дека неговиот татко Раул Арашуков бил уапсен во Санкт Петерсбург, подоцна во текот на денот за други обвиненија.
Помладиот Арашуков е осомничен за вмешаност во убиства во 2010 година на Фрал Шебзуков – советник на лидерот на Карачи-Черкесија и на Аслан Жуков – заменик заменик претседател на младинското движење во главно муслиманскиот регион, како и за други злосторства, се вели во соопштението на ферералниот Истажен комитет.