Заев на средба со Сорос во Давос
Премиерот Зоран Заев, кој учествува на Светскиот економски форум во Давос, се сретнал и разговарал со филантропот и финансиер Џорџ Сорос, основач на Фондациите Отворено општество (ФОО) и со Патрик Гаспар, претседател на ФОО, соопшти владината прес-служба.
„Зачленувањето на Република Македонија во НАТО и интеграцијата кон Европската Унија беа оценети како клучни чекори кои обезбедуваат стабилност и сигурност за земјата и за регионот, и ја отвораат вратата за нови странски инвестиции, за развој на македонската економија и за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните“, го соопшти владината прес-служба заедничкиот заклучок од средбата.