Заев, Анѓушев и Бектеши на Светскиот економски форум во Давос
Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши од денеска до 25 јануари ќе бидат дел од годинашниот Светски економски форум во Давос, Швајцарија, на кој учествуваат шефови на држави и влади, други државни претставници, како и лидерите на најголемите компании во светот.
Премиерот Заев на форумот во Давос ќе оствари повеќе работни состаноци и билатерални средби со потенцијални инвеститори, бизнис лидери и соработници. Тој треба да се сретне со еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан, со премиерот на Словенија Марјан Шарец, со министерот за здравство на Германија Јенс Спан, со извршниот директор на Гугл, како и со други лидери и високи претставници на компании на панел дебатите и неформалните собири што ќе се одржат за време на најголемиот светски економски форум.