Иран - Германската забрана за „Махан Ер“ е избрзана и неоправдана
Техеран ја критикуваше одлуката на Германија за забрана на втората иранска најголема авиокомпанија на нејзините аеродроми, нарекувајќи го потегот „избрзан и неоправдан.“
Потегот за одземање на лиценцата на „Махан Ер“ е во конфликт кој ги регулира долготрајните односи меѓу иранската и германската нација и спротивно на интересите на билатералните односи“, изјави денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи Бахрам Гасеми.
Коментарите доаѓаат еден ден откако Берлин ја објави одлуката за забрана на „Махан Ер“ за слетување во Германија, наведувајќи „загрижувања за безбедноста“ и за активности на компанијата во Сирија.
Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи Кристофер Бургер изјави дека Махан има врски со иранскиот корпус на Исламскат револуционерна гарда и оти обезбедувал летови за воен транспорт меѓу Иран и Сирија.
И покрај тоа Гсеми изјави дека германската одлука е заснована на лажни информации од земји кои имаат за цел да ги нарушат билатералните односи меѓу Берлин и Техеран.