Руски бомбардер се урна во Арктикот, загинаа тројца членови на екипажот
Руски бомбардер со долг дострел се урна во Арктикот, при што загинаа тројца членови на екипажот, објавија денеска официјални претставници. Бомбардерот „Ту-22М3“ се урнал додека слетувал во метеж по рутински тренинг во регионот Мурманск, северно од Арктичкиот круг, соопшти руското Министерство за одбрана додавајќи дека двајца членови на екипажот загинале, а двајца биле хоспитализирани. Третиот пилот подоцна починал од повредите, соопшти претставник на локална болница. Според соопштението на Министерството, бомбардерот не носел оружје Причината за уривањето се уште не е објавена.