ЈСП: Градскиот превоз во Скопје од денеска бесплатен поради големото загадување
Од денеска од 12 часот, согласно мерките за намалување на загадувањето на воздухот, користењето на јавниот превоз во Скопје ќе биде бесплатно, информираше Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.
„За прекин на важност на одлуката ќе бидете дополнително и навремено ќе бидете известени“, стои во соопштението на ЈСП, објавено на нивната интернет страница.
Претходно, поради енормното неколкудневно аерозагадување во Македонија, а особено во Скопје и во уште неколку градови во Македонија, Владата ги активираше итните мерки за заштита.
Завчера Скопје беше најзагадениот град во светот, заедно со главните градови на Индија, Бангладеш и Пакистан, а од синоќа најголемо ниво на штетни ПМ 10 честички било измерено во Прилеп.