Воздухот во Македонија загаден 200 пати над дозволеното, Владата активираше итни мерки
Прилеп, Скопје, Битола, Тетово и Струмица од вчера се на врвот на светската листа на градови со најголема аерозагаденост. Граѓанските здруженија бараат да се прогласи алармантна состојба, а Владата ги активираше мерките за заштита кога загадувањето е дури над 200 пати над дозволеното.