Трамп најави нов предлог до демократите за прекин на блокадата
На 28-иот ден од делумната блокада на владата на САД претседателот Доналд Трамп најави, како што напиша на Твитер, „многу важна вест“ за тоа.
„Ќе имам многу важна најава во врска со хуманитарната криза на нашата јужна граница и со блокадата, утре попладне во 3, во живо од Белата куќа“, напиша Трамп на 18 јануари по американско време.
Висок официјален претставник на администрацијата за телевизиската мрежа Си-Ен-Ен изјавил дека „Трамп планира да им пушти нов предлог на демократите за да ја прекине блокадата“. Функционерот рекол дека Трамп нема да се откаже од граничниот ѕид, но дека ќе се обиде со други понуди да ги омекне демократите.