Бројот на жртви во експлозијата на нафтовод во Мексико се искачи на 66
Бројот на загинати во експлозијата на нафтовод во Мексико се искачи на 66 лица, а над 70 се повредени, соопштија локалните власти.
Според полицијата, несреќата се случила кога крадци се обиделе да украдат гориво и пробиле цевка. Властите стравуваат дека ова не е конечниот број на загинати и повредени.