ВМРО-ДПМНЕ: Кривична пријава за Џафери за „саботажа“
Одговорност за шверцескиот начин на кој СДСМ го објави Законот за двојазичност мора да има. Законот за двојазичност е штетен и ќе има несогледливи последици по Република Македонија, се вели во денешното соопшетние на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, од каде најавија кривични пријави за потпишувањето на Законот за јазиците.
„Законот беше изгласан насилнички и недемократски и на ист таков начин беше објавен во Службениот весник без потпис на претседателот Иванов, спротивно на Уставот, Законите надвор од сите процедури. Токму поради оваа причина ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави против Талат Џафери, Неџбели Ибраими и Мартин Костовски, поради основано сомнение дека извршиле кривични дела „Злоупотреба на службената должност и овластување“ по член 353, „Злосторничко здружување“ по чл.394 и „Саботажа“ по чл.315 од КЗ“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.